Дизајнирана нова хартија која користи светлина при печатење

Со помош на напредна технологија, научниците од Универзитетот Шангдон, Кина и Универзитетот од Калифорнија создадоа нова хартија за која нема да има потреба од мастило. Печатењето ќе се врши со помош на УВ светлина.

Она што ќе биде напишано на хартијата ќе може да се избрише со нејзино загревање до 120 степени, а потоа ќе може одново да се пишува до 80 пати. Ваков вид на хартија е произведена поради еколошки причини, а најмногу поради зголеменото уништување на шумите.

Тајната на оваа технологија се наоѓа во хемиската супстанца која менува боја. Нејзин тенок слој може да се аплицира на стандардна хартија и така се користи повеќе пати.

“Сакавме да направиме нов тип на хартија, за која нема да ни биде потребно мастило, а не се разликува од обична хартија и се користи за повеќекратна намена и печатење”, вели еден од научниците проф. Јадонг Јин.

Ова ново технолошко откритие дефинитивно ќе има големо влијание врз економијата и животната средина во современото општество, бидејќи производството на хартија претставува голем извор на загадување, а тоа важи и за процесот на рециклирање на хартијата поради постапката за отстранување на мастилото. Уништувањето на шумите е исто така голем проблем, па научниците веќе подолго време се обидуваат да пронајдат алтернатива на хартија каква што користиме денес.

” Ваквата хартија е посебно корисна во случаеви кога информацијата запишана на неа немора да се чува долго време. Може да се користи во списанија или за изработка на постери”, велат научниците.

paper-printingСлојот за премачкување на хартијата се состои од син пигмент кој станува безбоен кога ќе прими електрони и титаниум диоксид кој ја забрзува хемиската реакција кога е изложен на УВ светлина. Кога се помешаат, хартијата добива сина боја. Кога УВ светлината ќе дојде до слојот, титаниум диоксидот отпушта електрони кои потоа собираат честички со син пигмент и ги претвора во безбојни, и така позадината станува безбојна, а текстот син. Со 10 минутно загревање на хартијата, буквите се бришат.

Ваквата хартија нема да чини многу повеќе од обична, а научниците за неа ќе дизајнираат ласерски печатач и ќе се обидат да употребат поширок спектар на бои.

Поддржете ја нашата работа: