Доделена нобеловата награда за медицина: Добитниците откриваат како може да се контролира биолошкиот часовник

Нобеловата награда за медицина беше врачена во понеделникот на американските научници Џефри К. Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В. Јанг за откривање на комплексни молекуларни механизми на човечкиот биолошки часовник.

“Добитниците на овогодинешната награда ја подигнаа општата свест за важноста на правилната хигиена на спиењето“, вели Јулен Зират од Шведската Академија на науките.

Во образложението од Институтот Каролинска стои дека тројцата научници се наградени за откривање на комплексни молекуларни механизми кои го контролираат 24-часовниот циклус на телесните активности, познат како циркадијален ритам или биолошки часовник.

Американските научници ќе ја поделат наградата, во износ од 9 милиони шведски круни.

Циркадијалниот ритам прави одреден број на биолошки ритми во одреден период, дефиниран како време потребно за да заврши еден циклус од 24 часа.

Користејќи ги водните мушички како модел за организам, добитници на Нобеловата награда ги изолирале гените што го контролираат нормалниот биолошки ритам. Тие покажале дека гените содржат протеин кој се акумулира во клетките во текот на ноќта, а се деградира во текот на денот. Потоа, тие ги идентификувале дополнителните компоненти на протеин, и го изложиле механизмот кој управува со самоодржувачкиот часовник во внатрешноста на клетките.

Биолошкиот часовник функционира според истите принципи кај сите живи организми на Земјата, како и луѓето.

Нашиот биолошки часовник ја приспособува нашата физиологија на различните фази од денот. Часовникот ги регулира круцијалните функции, како што се однесувањето, нивото на хормоните, сонот, температурата на телото и метаболизмот. Нашето добро функционирање е загрозено кога ќе дојде до дисхармонија меѓу надворешното опкружување и внатрешниот биолошки часовник – на пример, кога патуваме низ временски зони и вкусуваме „џет-лег“.

Исто така, нехармоничноста меѓу хронично неурамнотежениот биолошки часовник и начинот на живот го зголемува ризикот од многу заболувања.

Поддржете ја нашата работа: