Доколку не знаете зошто ве боли грбот, обратете внимание на ова

Болките во грбот се едни од најчестите здравствени проблеми, ги има дури една третина од светската популација.

По настинка и кашлање, болките во долниот дел на грбот се најчеста причина за посета на лекар. Добрата вест е дека во поголемиот дел од случаевите, проблемот се решава сам од себе за околу една недела, иако до 40 отсто од лицата чувствуваат болки во грбот уште три месеци.

И покрај фактот дека постојат бројни третмани за лекување на овој проблем, вклучувајќи масажа, физиотерапија, лекови, инјекции, операции и акупунктура, ништо толку не помага како активниот физички живот. Експертите велат дека токму во моментот кога не можете да се движите, треба да почнете да се движите.

Зошто боли, тешко е да се знае, така експертите ги опишуваат болките и грчевите кои многу од нас ги чувствуваат како неспецифична болка во долниот дел од грбот. Дијагнозата подразбира дека првично е исклучена некоја тешка причина, како на пример ‘рбетниот мозок, фрактура, инфекција, рак, артритис или болка на други органи.

“Најчестата причина за дегенерација е предизвикана од прекумерена употреба на сила, лошо држење на телото, недостаток на одмор или важни хранливи материи кои можат да доведат до механички проблеми со ‘рбетот”, предупредуваат научниците. Исто така до таков проблем може да настане доколку имате вишок на килограми, пушите, бремени сте или страдате од депресија.

Многу од абдоминалните проблеми можат да предизвикаат болки во грбот, вклучувајќи ги инфекциите, камен во бубрезите, воспаление на панкреасот и аортна аневризма, но во овие случаеви, човекот најчесто има и други симптоми кои укажуваат на вистинската причина.

Најдобар лек за ваквите болки е вежбањето. Избегнувајте лежење во кревет додека чувствувате болка. Земете нешто против болка и движете се.

Физиотерапијата е корисна кај болки кои се трајни од 4 до 6 недели. Постојат некои докази за краткорочни придобивки од акупунктура и остеопатија.

На лекар треба исто да се оди доколку не можете да го контролирате уринирањето или чувствувате вкочанетост околу анусот или гениталиите. Исто треба да одите на лекар доколку почнете да губите телесна тежина, не се чувствувате добро или имате висока температура.

Поддржете ја нашата работа: