Домородните Австралијци се најстарата континуирана цивилизација на Земјата

Најопсежното генетско истражување направено досега, покажува дека домородните Австралијци се најстарата континуирана цивилизација на Земјата, која датира од пред повеќе од 50.000 години и дека модерните домородни Австралијци се наследници на првите луѓе што ја населувале Австралија.

Новото истражување, заедно со уште две што беа објавени во списанието „Nature“, открива важни информации за потеклото и миграциската историја на нашиот род, како и увид во заедничките предци на сите не-африкански живи народи денес.

Според  ДНК анализите од две истражувања, повеќето модерни Евроазијци потекнуваат од еден бран од мигранти кои ја напуштиле Африка пред околу 72.000 години.

Од оригиналната миграција, домородните Австралијци и Папуанците (предците на домородното население во Нова Гвинеја), се поделиле пред околу 58.000 години, пред да пристигнат на територијата на Австралија, пред околу 50.000 години и веројатно се првите луѓе што го преминале океанот.    

Домородните Папуанци и Австралијци веројатно се разделиле едно од други пред околу 37.000 години, пред да се разделат континентите.

Домородните Австралијци останале речиси целосно изолирани до пред околу 4.000 години, но во текот на стотиците години колку што им биле потребни да дојдат до Австралија, се чини дека дошле во контакт со други луѓе, така што 4 проценти од нивниот геном потекнува од неидентификуван роднина на човечкот.

1981_event_australian_aboriginals

До ваков заклучок дошле научниците од еден меѓународен тим, откако направиле секвентирање на геномот на 25 Папуанци и 83 домородни Австралијци од иста говорна група (Pama-Nyungan), која покрива околу 90 проценти од Австралија.

Во второто истажување, спроведено од Медицинскиот факултет на Харвард, направено е  мапирање на геномите на 300 луѓе од 142 различни светски популации, со цел да се откријат генетски промени кои се поврзани со еволуцијата на модерните човекови особини, како што е пештерското сликарство и употребата на модерни алатки, но не биле откриени.

Иако овие две истражувања се поткрепа за постоење на еден миграциски бран од Африка, третото истражување открива докази за најмалку две миграции од Африка.

И покрај тоа што овие резултати се релевантни, сепак постојат празнини што треба да се пополнат, со што не се сите убедени дека со ова е решено прашањето како сме мигрирале од Африка.

Истражувањето предводено од Лука Пагани, биолошки антрополог од Естонскиот биоцентар во Тарту, исто така открива докази за огромни миграции на луѓето пред околу 75.000 години, но открива и докази за постари миграции од пред 120.000 години – кои според истражувачите се однесува на околу два проценти од геномот на модерните Папуанци.

654727-indigenous-tourism-yolgnu-arnhem-land

Клучниот фактор за добивање на јасна слика за тоа што се случило во нашата древна историја е комбинирање на генетските со археолошките докази, кои во трите студии не се целосно истражени.

„Човековата историја е навистина фасцинантна и комплексна загатка, а генетиката може да ни покаже само некои од тие делови. Многу е важно да се интегрираат информации од што е можно повеќе дисциплини“- вели Џошуа Акеи, еволутивен генетичар од Универзитетот во Вашингтон за „The Verge“.

Некои научници исто така се сомневаат колку се временски прецизни генетските истражувања.

Значи, темата за тоа како луѓето почнале да се раселуваат од Африка и да го населуваат остатокот од планетата дефинитивно не е затворена, но, ако ништо друго новите истражувања се важна потврда дека домородните Австралијци се навистина првите кои го населиле континентот – што во минатото беше ставено под сомнение.

Трите истражувања објавени во „Nature“, може да ги прочитате тука , тука и тука.

Поддржете ја нашата работа: