Допингот не ги подобрува спортските перформанси

Научниците ги анализирале податоците од спортските резултати (вклучувајќи олимписки и светски рекорди) на машки и женски спортисти во 26 спортови (вклучувајќи атлетика и зимски спортови), помеѓу 1886 и 2012 година. Споредбите биле направени за резултатите пред 1932 година (кога стероидите станаа достапни) и после 1932 година. Анализите покажале дека времето, далечината и другите резултати не се подобриле како што се очекувало во ерата на допингот.

„Ефектите на допингот во модерните спортови се големи и широко распространети, и тие ги опфаќаат не само спортистите и спортиските тимови, туки и спонзорите и навивачите“, вели д-р Арон Херман, главен автор на истражувањето.

„Просечните најдобри резултати на врвните спортисти кои користеле допинг не се разликуваат значително од оние кои не користеле. Дури и под претпоставка дека не биле откриени сите оние кои користеле, допингот не ги подобрува атлетските перформанси како што сите мислат. Стапката на успех е многу мала, можеби само некои 4%. Дури и допингот малку да ги подобри перформансите во една област, ќе има штетни ефекти во друга “, објаснува докторот.

Д-р Херман вели дека овие наоди не само што го покажуваат негативниот ефект на допингот на спортските резултати, туку и сугерираат дека допингот е пораспространет отколку што првично се мислело. Резултатите на добитникот на златен медал на Олимписките игри од 2000 година се послаби од оние на добитникот во 1968 година, првата година кога допингот се тестирал на Олимписките игри.

Научниците се надеваат дека ова истражување ќе го смени начинот на кој елитните спортисти и младите спортисти размислуваат за допингот. Наодите се објавени во „Journal of Human Sport and Exercise“.

Поддржете ја нашата работа: