Дознајте кои животни можат да предвидат катастрофа

Постојат многу анегдоти за тоа како некои одредени животни можат да предвидат природни катастрофи и да откријат болести, а научните истражувања ја поддржуваат приказната на оваа тема. Некои од животните кои ќе ги наведеме ни се доста блиски, затоа посветете внимание на нивното однесување. Можеби некогаш ќе ви бидат од корист.

Кучиња

fd05347d1d2cd46bf76a6dbf14127e29
Кучињата, како најверни сопатници на човекот, можат да откријат рак на простата кај човекот со 98% точност. Тајната е во нивното јако чувство за мирис. Кучешкиот нос има повеќе од 220 милиони олфакторни рецептори, додека човечкиот има само 5 милиони.

Мачки

w3XWRVUhПосле катастрофалниот земјотрес кој во 2011 година ја погоди Јапонија, научниците од Универзитетот Тсинг Хуа спровеле истражување на реакциите на мачките кои ги манифестирале пред катастрофата. Се покажало дека мачките биле премногу вознемирени неколку дена пред таа да се случи, а некои домашни мачки избегале од нивниот дом. Се претпоставува дека мачките можат да предвидат катастрофи поради значително остриот слух за разлика од човечкиот.

Крави

vaca curiosa y rebaño detrás
Слично како и кај мачките, кравите манифестирале промена во однесувањето нешто пред потресот во Јапонија. Значително е намален приносот на млеко, и исто така кравите се однесувале доста вознемирено.

Пчели

Bee Pollution USDA
Дали сте забележале, како пчелите едноставно исчезнуваат пред да почне да врне? Тие всушност се способни на ги почувствуваат промените во атмосферската влага, тоа им овозможува на време да се евакуираат. Така и со другите природни катастрофи.

Бумбари

92be01f922468d9d4c815defd102f1da
Кога ќе видите како бумбарите се собираат на едно место, тоа е знак дека времето ќе биде топло. Иако, на прв поглед ова нивно однесување се чини чудно, станува збор за значаен собир, со што би се зачувала телесната влага на секој од нив.

Ајкули

cooler2015111911074614
Како што може да забележите, сите од горенаведените животни имаат силна потреба да го напуштат местото на кое наскоро би се случила катастрофа. Спротивно на тоа, ајкулите гравитираат во местата каде што се случуваат големи бури, и таму се собираат во поголем број. Се’ уште не е јасно зошто го прават тоа, но нивното однесување се следи со цел да се лоцира развитокот на бурата.

Поддржете ја нашата работа: