Драматично предупредување на Стивен Хокинг: “Човештвото ќе се самоуништи!”

Се чини дека еден ден роботите навистина ќе ги заменат луѓето и ќе станат нова форма на живот кој самостојно ќе може да се реплицира – стои во новото драматично предупредување за не така светлата иднина на човештвото, кое го дава познатиот теоретски физичар Стивен Хокинг.

“Се плашам дека роботите со вештачка интелигенција можат да ги заменат луѓето во целост”, вели Хокинг за списанието Wired. “Ако луѓето можат да создаваат компјутерски вируси, тогаш сигурно некој во иднина ќе креира подобрена верзија на постоечките киборзи кои ќе бидат во можност да се реплицираат независно” – додава познатиот научник.

75-годишниот Хокинг дава уште едно предупредување за прилично темната иднина на човештвото. Имено, тој верува дека човечката раса до сега веќе има достигнато до “точката од која нема враќање” и најверојатно сами себе си ќе се уништиме.

“Планетата Земја станува премала за нас, глобалното население расте со алармантна брзина и ние сме изложени на ризик од самоуништување”, вели Хокинг.

Со цел да се избегнат најлошите сценарија, Хокинг сугерира дека во блиска иднина, човештвото треба да работи на вселенска програма која на крајот ќе ги “колонизира планетите кои се погодни за живот”.

Ова не е првпат Хокинг да зборува за опасностите од роботиката и генерално вештачката интелигенција која на крајот ќе ги замени луѓето со сигурност.

Минатата година исто така зборуваше дека вештачката интелигенција може да развие сопствена волја која се спротивставува на човештвото, додавајќи дека развојот на вештачката интелигенција би можела да биде најдобра, или најлоша работа која некогаш му се случила на човештвото.

Поддржете ја нашата работа: