Дури и една цигара на ден може драстично да ви го скрати животот

Едно ново истражување од Националниот институт за рак открива дека дури и повременото ретко пушење на цигари може значително да го зголеми ризикот за рана смрт и кај мажите и кај жените.

Научниците проучувале истражувања на навиките за пушење на речиси 300.000 луѓе, во секоја деценија од нивниот живот. Учесниците во просек биле на своја 71 годишна возраст кога научниците ги испитувале нивните резултати.

Резултатите покажале дека дури и луѓето кои пушат во просек помалку од една цигара на ден, имаат за 64% поголем ризик за рана смрт отколку непушачите.

Ова истражување само ги потврдува здравствените предупредувања дека не постои безбедно ниво на цигари, односно безбедно ниво на изложеност на чад од тутун.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, секоја година, пушењето на цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи само во САД. Пушењето исто така го зголемува ризикот за коронарна срцева болест, мозочен удар и рак на белите дробови.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк:

Една кутија цигари дневно за само една година предизвикува 150 мутации во клетките на белите дробови

16 видови на рак кои може да ги добиете ако пушите цигари

Уште една причина плус за да се откажете од цигарите

Поддржете ја нашата работа: