Електрично возило руши рекорди

Новиот рекорд го постигнаа студентите од Академскиот мотоспорт клуб на Универзитетот во Цирих и Универзитетот за применети науки и уметности во Швајцарија, кои всушност го дизајнираа и изградија ова возило. Возилото е изградено за помалку од една година.

Конструкцијата на јаглеродните влакна има вкупна тежина од 169 кг. и произведува околу 200 коњски сили. Има четири тркала со специјално дизајнирани мотори кои создаваат вртеж од 1630 нм. Поради контрола на влечењето, секое тркало си ги контролира сопствените вртежи за да се постигне максимално забрзување на возилото. Ниедно друго возило нема постигнато толку силно забрзување.

Ова возило е петтиот и најуспешниот електричен автомобил дизајниран од Академскиот мотоспорт клуб во Цирих.

Поддржете ја нашата работа: