Фабрика во Индија ќе го претвора јаглеродниот диоксид во сода бикарбона

4107
СПОДЕЛИ

Една хемиска фабрика во Индија е првата во светот која ќе започне со нов систем за заробување на емисиите на јаглерод и нивно конвертирање во сода бикарбона.

Фабриката „Tuticorin Alkali Chemicals“, во индустрискиот пристанишен град „Tuticorin“, се очекува да конвертира околку 60.000 тони на емисии на CO2 годишно во сода бикарбона и други хемикалии, и научниците кои стојат позади овој процес сметаат дека оваа техника може да се користи за да се зароби и трансформира 10 проценти од глобалните емисии на јаглен.

Додека оваа јаглеродна технологија не е нешто ново, она што е извонредно во инсталацијата на „Tuticorin“ е тоа што тој работи без субвенции од владата, што укажува на тоа дека истражувачите развиле профитабилен, практичен систем кој може да има комерцијален потенцијал да се прошири и во други фабрики и индустрии.

„Јас сум бизнисмен. Никогаш не мислев за спасување на планетата. Ми требаше сигурен прилив на CO2, и ова беше најдобриот начин за да се добие“ – изјавува генералниот директор на фабриката Рамачадран Гопелен.

Пронаоѓачите на новата технологија „Carbon Clean Solutions“ од Лондон, го развиле системот во Велика Британија откако добиле финансии од шема за подршка на британски претприемач. Нивниот процес користи патентирана хемикалија за да ги филтрира молекулите на CO2.

Целокупната идеја за одделување на молекулите на CO2 од излезните гасови можеби не е нова, но тимот зад овој систем смета дека нивната хемикалија за филтрирање е многу поефикасна од соединенијата на амини кои научниците претходно ги користеле, и дека бара помалку енергија за работење.

Другиот важен аспект на овој систем е тоа што всушност прави нешто позитивно со јаглеродот, создавајќи нови хемикалии и производи, наместо да го складира некаде бескорисно во хибернација (како на пример да го закопа под земја).

„Мора да направиме се што можеме за да ги намалите штетните ефекти од согорувањето на фосилни горива. Многу добра вест е тоа дека се пронаоѓаат повеќе начини за барем малку од CO2 да биде претворено во корисни производи“ – вели Роналд Оксбург, шефот на советничката група за заробување на јаглеродот на владата на Велика Британија.

Дискусија

Коментари