Финските научници зачудени од промените кај машкиот и женскиот мозок под дејство на алкохол

СПОДЕЛИ

Со студијата направена врз младите Финци, истражувачите откриле промени кај жените во еден тип на рецептор наречен ГАБА – А. За разлика од нив, кај мажите тие откриле промени кај двата вида на рецептори, односно ГАБА -А и ГАБА – Б, по десетгодишното пиење алкохол.

Билиони неврони на мозокот постојано се активни кај секоја жива личност. Тие се поврзани во мрежа која праќа елекртрични импулси до секој од нив. Ова се случува во секоја наша активност, ако мислиме, трчаме, се смееме, памтиме, чувствуваме или едноставно ја чешаме нашата рака.

Кога група Фински научници, ги проучувале мозочните активности на 27 млади мажи и жени, кои конзумирале алкохол во текот на десет години, тие откриле дека делови од овие активности биле различни од нормалните.

“Научниците сметале дека конзумирањето алкохол на „долг рок“ ќе влијае повеќе врз припадничките на понежниот пол. Но, тие биле изненадени кога го откриле сосема спротивното. Ова значи дека машките мозочни електрични функционалности се менуваат повеќе отколку кај женскиот мозок при долгорочна употреба на алкохол”, вели Оути Каре (Outi Kaarre), од Универзитетот на Источна Финска и докторка во Куопи универзитетската клиника и една од истражувачите кои учествувале во истражувањето.

Машкиот и женскиот мозок реагираат различно

Мозоците на младите Финци биле испитувани со стимулација на нивните неврони со надворешни магнетни импулси, преку процедура наречена транскранијална магнетна стимулација или ТМС.

Ова е познато и како активатор на мозочните неврони, Истражувачите користеле електроенцефалограм (ЕЕГ) да ги измерат реакциите на мозочната активност. Поголем електричен одговор во кортексот на мозокот, регистриран од ЕЕГ може да покаже дека настанале промени, кај тешки зависници од алкохол.

Испитаниците во студијата биле на возраст меѓу 23 и 28 години, што подразбира дека конзумирале алкохол кога биле на возраст од 13 до 18 години. Не е невообичаено да се почне со користење на алкохол на таа возраст.

Во 2015 година, студија на Националниот развоен центар за деца и младинци од Осло, покажала дека едно од десет дванаесегодишно момче од Норвешка пиело алкохол најмалку еднаш во последниот месец, а три проценти конзумирале алкохол до степен на труење.

Оваа студија, покажала дека повеќе момчиња од девојчиња во седмо одделение користеле алкохол и дека повеќе момчиња биле пијани за разлика од девојчиња, што значи дека тие пиеле најмалку по пет единици алкохол одеднаш. Студијата сака да покаже дека еден ризик фактор во врската со раното почнување на конзумација на алкохол е едноставно да се биде момче.

Дека, не е ништо ново во тоа дека мажите и жените реагираат различно на алкохолот, ова е сугерирано и порано, но нашата студија ги покажува можните механизми за овие разлики, вели Каре.

Истражувачите не кажуваат точно колку млади луѓе опфатени со студијата, пиеле или колку алкохолот влијаел врз нивниот секојдневен живот, но тие што биле подложени на испитувањето немале проблеми, за да може да бидат сериозно сфатени како алкохоличари. Тие биле сметани за нормални корисници на алкохол. Иако тие не биле алкохоличари, конзумирањето на алкохол сепак, влијаело врз нивните мозоци, стои во студијата на Финските истражувачи.

Промена во емитувањето на сигналите

Научниците откриле дека протокот на одредени хемиски компоненти кои се движат од еден неврон до друг наречен ГАБА може да се смени по десетгодишно конзумирање на алкохол. Невроните се екипирани со молекули кои ги примаат информациите, односно рецептори.

Тие ги фаќаат електрохемиските импулси испратени до нив од други неврони. Со студијата направена врз младите Финци, истражувачите откриле промени кај жените во еден тип на рецептор наречен ГАБА – А. За разлика од нив, кај мажите тие откриле промени кај двата вида на рецептори, односно ГАБА – А и ГАБА – Б, по десетгодишното пиење алкохол.

За двата пола ова значи дека протокот на ГАБА е засегнат, но повеќе кај мажите отколку кај жените, бидејќи кај нив имало промени кај двата ГАБА рецептори во мозочните неврони.

Медицинските научници не знаат што значи ова за нас луѓето, но експериментите правени врз животни веќе покажале дека има нешто кај трансферот на ГАБА помеѓу невроните, што може да биде поврзано со употребата на алкохол.

ГАБА се инволвирани во многу невролошки системи и тие се поврзани со анксиозноста и депресијата. Финските научници велат дека тие (ГАБА н.з.) ја смируваат мозочната активност.

Меѓутоа, во студијата, Финските научници не ја споредиле мозочната активност на една индивидуа пред и по десетгодишното конзумирање алкохол. Ако го направиле тоа, тие, би можеле да изведат заклучок дека трансформацијата е направена.

Вим ван ден Бринк, професор по психијатрија и зависности на Универзитетот од Амстердам, кој не бил вклучен во студијата, смета дека истата е интригантна, особено што младите жени, фаќаат чекор со младите мажи кога станува збор за пиењето и постојаното пиење алкохол во Европа.

Еден од најновите лекови за алкохолизам е насочен кон ГАБА – Б рецепторите, кои се изменети само кај мажите за време на оваа студија.

Извор: Pharma News

 

Дискусија

Коментари