Физичарите конечно открија како да ја лоцираат Планетата Девет?

Постојано слушаме за откривањето на мистериозната Планета Девет на крајот на нашиот Сончев систем, која се проценува дека е околу 10 пати помасивна од Земјата. Иако нејзиното постоење се’ уште не е потврдено, научниците сметаат дека доказ за тоа е чудната поставеност на 7 карпести објекти во Кајперовиот појас на работ на Сончевиот систем, кои се движат со различна брзина, но во иста насока и под истиот агол.

Досега никој не ја забележал бидејќи се наоѓа на огромна оддалеченост од 149 милијарди км. од Сонцето – или 75 пати подалеку од Плутон.

Научниците пронаоѓаат нови планети и астеориди со помош на рефлектираната светлина од Сонцето која се одбива од планетата или астероидот и се враќа назад кон Земјата. Планетата Девет најверојатно добива околу половина милион пати помалку сончева енергија од Земјата, поради што нејзиното откривање е особено тешко.

Сега, две нови студии предлагаат дека конечно би можеле да ја откриеме со помош на светлината која произлегува од самата планета.

Сè во универзумот емитира т.н. зрачење на црно тело, при што потоплите објекти блескаат со повеќе енергетска светлина. Токму заради ова металот почнува да свети црвено или портокалово кога се загрева. Тоа не значи дека објектот одеднаш станал доволно топол за да почне да емитира светлина – тој секогаш емитира, но видот на светлината се менува како што се затоплува.

Имено, откако ќе достигне одредена температура, светлината која ја емитира почнува да се преклопува со светлината која можеме да ја видиме, па затоа ни изгледа како да светат жешко црвено. Откако објектот ќе се олади, светлината која ја емитира повторно станува невидлива за нашите очи, но се’ уште се емитира подеднакво. Токму поради ова и нашето тело свети со различна светлина доколку го гледаме со инфрацрвени очила (потоплите делови светат црвено/портокалово).

5566467796_8b5ed4302b_oПланетата Девет најверојатно емитира светлина што е на границата помеѓу инфрацрвена и микробранова, а ние имаме телескопи кои го пребаруваат небото во потрага по ваква светлина.

Ова е идејата зад новите две студии од различни тимови на истражувачи, кои сметаат дека треба да го искористиме зрачењето на планетата за прво да ја најдеме, а потоа да дознаеме нешто повеќе за неа.

Двете студии се објавени во „The Astrophysical Journal Letters“. (бр.1 и бр.2)

Поддржете ја нашата работа: