СПОДЕЛИ

Foxconn Electronics“, тајванската компанија која ги собира и произведува производите на најголемите технолошки брендови, вклучувајќи го и „Apple iPhone“, најави дека ќе го забрза развојот на процесот на автоматизација во сите негови кинески фабрики. Целта е да се постигне целосна автоматизација.

Во една статија објавена во весникот „Digitimes“, генералниот директор на „Foxconn“, Даи-Џија Пенг објаснува како процесот ќе се одвива во три фази.

“Во првата фаза, „Foxconn“ има за цел да постави поединечни автоматизирани работни станици за работите кои работниците не сакаат да ги одработат или работи кои се премногу опасни”,  вели Даи.

Втората фаза ќе се насочи на поедноставување на производствената ефикасност и отстранување на непотребните роботи од производната линија.

“Во третата фаза, целата фабрика ќе биде автоматизирана со само минимален број на работници назначени за производство, логистика, тестирање и инспекциски постапки”, заклучува Даи.

Во текот на 2015 година, „Foxconn“ почна да вложува во автоматизација на производствените погони, наведувајќи дека сакаат да постигнат 30 посто автоматизација до 2020 година. Производствениот гигант веќе распореди повеќе од 40.000 индустриски роботи „Foxbots“. „Foxconn“ е способен да произведе 10.000 такви роботи годишно, кои можат да се користат за замена на човечка работна сила.

Фабриката во Ченгду во западна Кина, Шензен на југот, како и Женгжу во северна Кина, веќе се во втората или третата фаза на планот за автоматизација, а најмалку 10 комплетно автоматизирани производни линии веќе се на сила во некои од тие фабрики.

Фабриката цели кон зголемена ефикасност, а токму автоматизацијата е вреден алат со кој таквите цели можат да се постигнат. Иако сето тоа е можеби корисно за фабриката, сепак на крајот комплетната автоматизација ќе доведе до губиток на голем број работни места.

„Foxconn“, на пример од минатата година вработува околу 1,2 милиони луѓе – но во случај на потполна автоматизација се проценува дека околу милион луѓе ќе го изгубат своето работно место и ќе бидат заменети со роботите „Foxbots“. Додека користењето на роботи е долгорочно исплатлива опција, таквиот процес бара голем почетен влог.

На среќа, додека роботиката е и понатаму во развој, користењето на роботи за целосна автоматизација најверојатно нема да биде конечно решение.

Како што наведува Даи: “Индустриските роботи нема да можат во целост да ја заменат човечката флексибилност за брзо префрлање од една задача на друга”. Репрограмирањето на роботите за извршување на повеќе задачи, едноставно зема повеќе време и средства.

Сепак, автоматизацијата на работните места, која започна во преработувачката индустрија, во голема мера ќе влијае на глобалното вработување, особено со оглед на брзината со која се развиваат таквите технологии.

До 47 посто од работните места во САД се во опасност од автоматизација, а губитокот од работните места и замена за роботи е реалност за која мора да се спремиме.

За среќа, многу експерти веќе предлагаат начини за разблажување на таквите промени. Предлозите како концептот на темелен доход кој Финска експериментално го воведе или зголемување на работна обука, би требало да ја намалат замената на работна сила со роботска автоматизирана технологија.

Дискусија

Коментари