Фројд сепак бил во право

„Њујорк Тајмс“ објави дека во 2012 година републиканците, во просек, трошат три пати повеќе пари на стриптиз во однос на демократите. Но, дали има  вистина во ова, или е само политичко клеветење? Според истражувачите кои ги анализирале пребарувањата на „Google“ во различни земји, доказите „држат вода“. Највисок процент на интернет пребарувања со сексуална содржина биле пронајдени во државите каде што религијата и конзервативизмот се најкарактеристични.

Повеќе религија, повеќе секс?

Основната премиса на ова истражување не носи назад кон психоаналитички теории на Сигмунд Фројд. Во основа, луѓето се раѓаат со природни сексуални нагони кои ги задушуваат поради општествените норми. Теоретски, колку повеќе ги задушуваат во јавноста, толку повеќе се обземени од нив приватно.

Истражувачите биле во потрага по податоци за поддршка на ова тврдење. Значи, тие ги следеле трендовите на „Google“ во 2011 и 2012 година со цел да изградат една груба скица на приватниот живот на Американците, преку мерење на обемот на пребарувања на разни експлицитни содржини, вклучувајќи и „секс” и „ХХХ”.

За да се измери религиозноста и конзервативизмот, истражувачите се потпреле на две анкети на „Галуп“ спроведени  во 2009 и 2011 година, на над 350.000 луѓе низ САД. „Религиозност индекс” за секоја држава е пресметан  врз основа на бројот на луѓе кои изјавиле дека се „многу религиозни“ или кои „сметаат дека религијата е важен дел од нивниот секојдневен живот”. Политичката наклонетост се мерела според процентот на авто-идентификувани конзервативни поединци во рамките на секоја држава.

Според податоците, Фројд бил во право. Државите кои имаат највисока стапка на конзерватизам и религиозност, исто така,  имаат поголем обем на пребарувања на сексуална содржина. Во овие држави, истражувачите забележале зголемување на пребарувањата за секс, геј секс и порно.

Така, со истражувањето се чини дека се потврдува добро познатиот аспект на човековата природа: ние не секогаш го практикуваме она што го проповедаме.

Истражувањето се однесува на САД. Ако општо ги земеме наодите, Македонија е релативно конзервативна и религиозна земја. Значи и во Македонија се гледа многу порно :D

Поддржете ја нашата работа: