Генетски сме послични со пријателите отколку со странци

Пријателите се богатство во животот и често се вели дека е многу поважно да имате неколку блиски пријатели отколку премногу познаници со кои не остварувате премногу длабок контакт. Кога станува збор за изборот на пријатели во животот, најверојатно мислиме на заеднички интереси, ставови и мислења, иако тоа никако не значи дека е нужно во се да се поклопуваме.

Сега научниците велат дека тоа има врска со генетиката.

Тим научници од Универзитетот Стенфорд спровеле истражување на примерок од 5.500 американски адолесценти, користејќи податоци од Националната лонгитудална студија за здравјето на луѓето на возраст од адолесценти до возрасни луѓе.

За целите на студијата се спроведени низа генетски тестови, а резултатите покажуваат дека пријателите кои сами си ги избираме ни се генетски послични од оние што за нас се странци. Дури со околу две третини заеднички генетски материјал.

Причината за тоа може да биде привлечноста која ја чувствуваме кон оние со кои делиме заеднички карактеристики, како што се изглед, степен на образование, потекло или животни искуства. Тој процес научниците го нарекуваат социјална хомофилија.

Друго објаснување може да биде тоа што луѓето формираат пријателства во рамки на истите општествени средини.

Тој феномен е познат како општествено структуирање, а лидерот на оваа студија Benjamin Dominigue, вели дека тоа има силна улога во тезата дека блиските пријатели имаат слична генетика.

“Дали поединците избираат да бидат активно опкружени од луѓе слични на самите себеси или за тоа е заслужно општественото структурирање што влијае на сите нас? Нашите докази потврдуваат дека покрај меѓусебната почит со пријателите, сето тоа во најголем дел зависи од социјалната структура”, заклучува Dominigue.

Студијата првично е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

 

 

Поддржете ја нашата работа: