„Google“ работи на смартфон што треба да го турне „Iphone“ од тронот

„Google“ може наскоро да лансира сопствен брендиран „Android“ паметен телефон. Според новите извештаи, „Google“ е во преговори со мобилните оператори за новиот телефон што би можел да биде претставен до крајот на оваа година.

Се вели дека „Google“ го прави овој потег за да има поголема контрола на дизајнот, како и за да стави крај на доминацијата на „iPhone“ телефоните на „Apple“.

„Новиот уред кој ќе биде претставен до крајот на годината, според изворите, ќе му овозможи на „Google“ да преземе поголема контрола врз дизајнот, производството и софтверот“, се вели во извештајот од „The Telegraph“.

„Google“ одби да коментира, па засега оваа вест останува само гласина.

Поддржете ја нашата работа: