„Google Translate“ станува интелегентен скоро колку човек

Новиот алгоритам – наречен Гугл Невронско Машинско Преведување (ГНМП), ги намалува грешките и до 85% во споредба со досегашниот систем за превод и скоро не може да се разликува од човечки преведувач на стандардизираните тестови, соопштија од компанијата преку блог пост.

Во позадината на новиот алгоритам стои вештачка интелигенција – компјутерска невронска мрежа способна за машинско учење, која преводите ќе може да ги сместува во контекст и на тој начин да ги намали грешките во преводот. За разлика од досегашните алгоритми кои впишаните реченици ги делеа на составни делови, ГНМТ ќе го анализира целосниот текст и ќе го преведува.

На почетокот новиот систем давал слични резултати како и постоечкиот, но преку работата на инжинерите од Гугл, успеал да „научи“ како да препознава исклучоци, да преведува ретки зборови и да ги сместува во правилен контекст.

grafikon-prevod-gugl

На почетокот ГНМТ ќе се користи за превод помеѓу англиски и кинески јазик, кој е еден од најсложените јазични парови за превод. Во следните месеци овој систем на вештачка интелигенција ќе почне да преведува и на останатите, повеќе од 10 илјади јазични комбинации, достапни на сервисот за превод на Гугл.

Извор: radiomof.mk

Поддржете ја нашата работа: