Град на вода

Овој футуристички истражувачки објект ќе има димензии 900 x 500 м. и ќе може да смести 7.000 научници. Дизајниран е во облик на ража (конкретно од видот манта), бидејќи тоа е најдобриот дизајн кој ги задоволува потребите за широк простор и стабилност. Покрај тоа, отпорен е на турбуленции од бури и други тешки временски услови. Видливиот дел од целиот објект е висок само 60 м, а истанатите 120 м. се под површината на океанот, што дополнително ја зголемува стабилноста.

 


Овој град ќе го револуционизира проучувањето на подводниот свет, поради тоа што луѓето ќе имаат постојан контакт со океанот, како и директен пристап до подземниот свет.

Засега, градот Мериенс е чисто концептуален, но Рожери сака да биде изграден и подготвен за истражувачите да се вселат до 2050 година. Ова можеби изгледа премногу амбициозно, но архитектот веќе ја започна изградбата на неговата револуционерна подвижна лабораторија на вода, наречена „SeaOrbiter“, која се очекува да биде готова до 2016 година.

Поддржете ја нашата работа: