Гробница во темелите на факултетот Кембриџ

Според извештајот објавен во најновиот број на „Archaeological Journal“, проценети се околу 1300 погребувања.

И покрај тоа што постоењето и локацијата на гробницата им биле познати на историчарите уште од средината на дваесеттиот век, нејзината големина и бројот на тела не биле познати до денес.

Фосилните остатоци се од 13-тиот до 15-тиот век од средновековната болница „Св. Јован Евангелистот“ која постоела до 1511 година и од која всушност колеџот го преземал името.

Бројот на остатоците е многу поголем од очекуваниот и фрла нова светлина за животот и смртта во средновековниот Кембриџ.

Болницата е создадена во 1195 година од страна на жителите на Кембриџ, да се грижи за сиромашните и болните во заедницата. Првично била само една мала зграда, за времено, со подршка на црквата, да прерасне во една од најпознатите болници во тоа време.

И покрај гласините коа ја поврзуваат болницата со „црната смрт“, нема никакви докази за оваа болест во остатоците, ниту пак, кај поголемите погребни групи од тој период (1348-1350).

Телата се погребани во уредно поставени редови. Тимот пресметал дека се работи шест „генерации”, дефинирано според времето потребно за да се пополни сиот достапен простор и повторувањето на истите места.

На гробиштата се откриени патеки од чакал и вода, заедно со семиња од различни цветни растенија, што укажува на сличноста со денешните гробишта. Луѓето доаѓале да ги посетат своите починати блиски.

Од различните човечки остатоци ископани од страна на тимот, 400 тела се детално анализирани за да се откријат индиции за природата на гробиштата и околната заедница. Огромното мнозинство на погреби е без ковчези, многу дури и без наметки, што укажува на тоа дека гробиштата првенствено биле наменети за сиромашните. Пронајдени се многу малку лични предмети и накит.

Исто така, од интерес за археолозите било релативното отсуство на посмртните останки на млади жени и целосното отсуство на бебиња, кои нормално би се очекувале во една средновековна болничка гробница. Од остатоците кои би можеле да бидат идентификувани, се чини дека има приближно еднаква полова балансираност, со мнозинство на лица кои починале помеѓу 25 и 45 години. Недостатокот на млади жени веројатно може да се објасни со Aвгустинската уредба на болницата од 1250 година која ги исклучува младите бремени жени од своја заштита.

Изненадувачки, органите не покажуваат многу сериозни болести и состојби кои имаат потреба од медицинска помош. Тимот сугерира дека главната улога на болницата била духовната и физичката заштита на сиромашните и немоќните, наместо лекување на болните и повредените.

 

Поддржете ја нашата работа: