Хабл ни открива огномет од ѕвезди

Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА сними спектакуларен огномет во една мала блиска галаксија. Се работи за минијатурната галаксија „Kiso 5639“ која се наоѓа на оддалеченост од 82 милиони години и има облик на рамна палачинка, но бидејќи е навалена на рабовите наликува на ракета, со светла глава и издолжена опашка.

Оваа галаксија е редок пример на издолжени галаксии на помала далечина, бидејќи обично тие се многу застапени на поголеми растојанија.

Околу 10% од сите галаксии имаат ваква издолжена форма и се колективно наречени полноглавци.

Огнометот кој го сними Хабл всушност претставува раѓање на ѕвезда кое го осветлува едниот крај, односно ја осветлува главата на галаксијата. Астрономите сметаат дека раѓањето на ѕвездата е предизвикано од меѓугалактички гас кој како што се движел низ просторот паднал на едниот крај на галаксијата.

Астрономите сметаат дека галаксиите растат на тој начин што собираат гас од околината, па ова всушност претставува фаза низ која мора да поминат сите галаксии додека растат.

Овие наоди се прифатени и ќе бидат објавени во „The Astrophysical Journal“.

Поддржете ја нашата работа: