Хакерите можат да ги репрограмираат роботите за секс да убиваат

СПОДЕЛИ

Ник Патерсон, предавач специјализиран за технологија на Универзитетот Дикин во Мелбурн, изјави дека роботите за секс како и бројните останати производи наменети за олеснето функционирање во домот, кои нудат можности за поврзување на интернет мрежата, можат да бидат хакирани и репрограмирани за да ве убијат.

“Хакерите може да го хакираат роботот и да ја преземат контролата над секој дел од неговото тело, вклучувајќи ги тука рацете, нозете но и сите дополнителни алатки како што се кујнските ножеви или апаратите за варење,” вели Патерсон.

Џејсон Мекне, експерт за сајбер безбедност пак, вели дека иако е возможно да се хакира робот за секс, моменталните ограничувања на неговата технологија значат дека засега тоа не може да претставува некоја преголема закана.

“Робот од 52 кг. прекриен со силикон, не е во состојба да нанесе преголема штета,”додава тој.

Така, минатиот месец компанијата за сајбер безбедност IOActive објави извештај за ранливата страна на вештачката интелигенција и веројатноста за хакирање. Во извештајот се вели дека дури и хакираните роботи можат да снимаат аудио и видео податоци и да ги испраќаат на надворешен сервер.

На крајот, и Елон Маск неодамна наведе дека вештачката интелигенција претставува голема закана за човештвото..

Што мислите вие?

Дискусија

Коментари