Холандски град сам ќе произведува храна и енергија

Не е тајна дека со денешните силни агротехнички средства се нанесува штета како на земјоделските култури и добитокот, така и на животната средина.

Затоа во Холандија ќе се имплементира една нова визија за одржливо „интегрирано соседство“, како прва од серијата високо технолошки еко села-фарми која треба да биде завршена идната година.

Проектот ќе се гради во близината на Амстердам и претставува дело на калифорнискиот инвеститор фирмата „ReGen Villages“. Откако оваа пилот-заедница ќе биде завршена во 2017 година, компанијата планира истиот концепт да го пренесе и во Шведска, Норвешка, Данска и Германија.

Се разбира, заедничките фарми не се нова идеја бидејќи заедници како Амишите и понови видови на земјоделски колективи одамна живеат изолирано. Но тука не се работи за обид да се обнови едноставниот рурален живот.

„ReGen Villages“ сака да ја искористи моќта на денешната технологија и да креира самостојни населби кои ќе ги уживаат сите удобности на модерниот живот, но кои се потполно самоодржливи, кои можат сами да  произведуваат храна, енергија, сами да се справуваат со отпадот и да рециклираат вода.

146038-regen-0_1024Идејата е преку комбинација на одржливо фармерство и раководење со земјиштето и независната технолошка инфраструктура, „ReGen Villages“ да бидат „енергетски позитивни“ – произведувајќи вишок електрична енергија што ќе може да се врати во околната еклектрична мрежа, како и да произведуваат половина од храната што им е потребна на жителите.

„Очекуваме изобилство од органска храна секоја година – од овошје и зеленчук, јаткасти плодови, мешунки, риба, јајца, пилешко, што може да се одгледуваат во систем од вертикални градини преку целата година, како дополнение на сезонските градини и фарми сместени во околината“ – изјави извршниот директор на компанијата Џејм Ерлих за Fast Company.

146038-regen-2Ова секако звучи фантастично, не ќе треба уште доста труд за визијата да се претвори во реалност.

Проектот скоро беше претставен на Венецијанското биенале, а дизајнот го изработила данската архитектонска фирма „Effekt“. Првиот проект ќе се гради во Алмере, 20 минути оддалечен од Амстердам и првично ќе има 25 пилот домови, со цел на крајот да има вкупно 100.

146038-regen-3Идејата е одлична и едвај чекаме да видиме како ќе функцираат овие пилот-села во Амстердам. Којзнае, можеби нешто слично би можело да биде остварливо и кај нас. Што мислите?

Поддржете ја нашата работа: