Илјадници литри сок од еден цитрон

Истражувачите од Австрискиот Центар за индустриска биотехнологија со помош на позитивните аспекти на синтетичката биологија, успеаа да направат еколошко производство на природното соединение „Nootkatone“.

Тоа е исклучително скапа супстанција (чини повеќе од 4000 евра килограм), која може да се најде само во трагови во цитронот. Истовремено, побарувачка за „Nootkatone“ е огромна, бидејќи се користи како високо квалитетна природна ароматска супстанција во безалкохолните пијалоци, како биофармацевтска компонента и како природен инсектицид.

Истражувачите инсталирале нови гени во квасецот „Pichia pastoris“, така што клетките почнале да продуцираат „Nootkatone“ од шеќер. Геномот од клетките на овој квасец бил проширен со четири други гени, изведени од различни растенија и од пекарски квасец. Со помош на новите гени, квасецот бил во состојба да го синтетизира овој природен вкус на многу евтин начин и во доволни количини. Конечно, со вкусот од еден цитрон може да се направат милиони литри вкусен сок.

„Nootkatone“ е важена компонента во исхраната, фармацевтската и хемиската индустрија. Како инсектицид е ефикасен против крлежи, комарци и други инсекти. Во медицината оваа супстанција покажала активности против клетките на ракот, во кометиката се користи заради пријатниот мирис, додека во безалкохолните пијалоци заради својата арома“ – вели Харолд Питслер, еден од истражувачите.

Со новата метода, оваа скапа супстанција може да се произведува индустриски, по ниска цена, во еколошки услови и со заштеда на ресурсите, во количини кои ќе ги задоволат потребите.

Наодите се објавени во „Metabolic Engineering“.

Поддржете ја нашата работа: