Имаме карта на целото морско дно, но сѐ уште не знаеме што сѐ има долу

Целото морско дно е обележано со максимална резолуција од околу 5 километри, што значи дека на оваа карта може да ги видиме сите структури поголеми од 5 метри.

Ова е резолуцијата на новата глобална карта на морското дно, што неодамна беше објавена од страна на Дејвид Сандвел и неговите колеги од Институтот за океанографија Скрипс, во Сан Диего.

За разлика од копното, пределите на морското дно не може да се измерат директно од сателитите со помош на радар, бидејќи морската вода ги блокира овие радио бранови. Но, стателитите можат со помош на радарите многу прецизно да ја измерат висината на морската површина. А, доколку има доволно мерења за да може да се одземат ефектите од брановите и плимите, сателитите практично можат да ги измерат вдлабнатините и испакнатите места на површината на морето, што се резултат на основните структури што се наоѓат на морското дно.

На пример, таму каде што има големи подводни планини или гребени, малите локални зголемувања на гравитацијата, што произлегуваат од нивната маса, ја повлекуваат морската водата над нив, во вид на блага испакнатина.

На местата пак, каде што се наоѓа океански ров, послабата локална гравитација создава соодветна вдлабнатина на површината на водата.

oceanfloorbody1

Читањето на овие вдлабнатини и испакнатини претставува извонредно прецизна работа, што вклучува ласерско следење на траекторијата на мерните сателити и неизбежно многу математика за обработка на податоците.

За новата карта се користени податоците од сателитите „Криосат-2“ и „Џејсон-1“ и покажува карактеристики што не можат да се видат на претходните карти, кои користеа податоци од постарите сателити.

Претходната глобална карта на морскто дно, која е создадена со помош на истите техники и беше објавена во 1997 година, има резолуција од околу 20 километри.

Сега, пратично имаме карта на 100 проценти од морското дно со резолуција од околу 5 километри. Тука може да се видат главните карактеристики на скриените предели, како што се средишните океански гребени и океанските ровови – па во таа смисла океанското дно секако не е „95 проценти неистражено“.

Сепак, глобалната карта на океанското дно е значително помалку детална од картите на Марс и на Месечината, или на Венера, бидејќи нашата планета е обвиена со вода.

Леталото Магелан на НАСА направи карта на 98 проценти од површината на Венера, со резолуција од околу 100 метри. Целата површина на Марс беше обележана со истата резолуција, а сега веќе скоро 60 проценти од Црвената планета се обележани со резолуција од околу 20 метри.

Во меѓувреме, селенографите ја имаат обележано целата лунарна површина со резолуција од околу 100 метри, а сега дури и со резолуција од 7 метри.

За да се направи подетална карта на океанското дно на Земјата, потребно е да се користат сонари, наместо сателити.

Модерните сонарни системи со кои се опремени бродовите можат да го обележуваат морското дно со резолуција од 100 метри во тесен појас под бродот.

Со овие подетални карти сега се опфатени околу 10 до 15 проценти од океаните, што изнесува отприлика колку територијата на Африка.

Мапирањето од бродовите до детали, што овие сонарни системи можат да го овозможат, сѐ уште ни открива многу изненадувања.

При првата потрага по малезискиот авион што се урна во Индискиот Океан, каде беше вклучено и мапирање од бродови за да може да се планираат идните истражувања со подморници, беа откриени подводни планини и други карактеристики што не беа прикажани на сателитски добиените карти од таа област.

Сепак, ако сакаме на морското дно да детектираме работи со големина од само неколку метри, како што се на пример остатоците од исчезнатите авиони, или подводните вулкански отвори, потребно е сонарните системи да се донесат многу блиску до морското дно, со помош на подморници или со додатни инструменти.

Досега само околу 0,05 проценти од морското дно е обележено до деталност што ја овозможуваат сонорите, што претставува област со површина колку Тасманија.

Се разбира, за да се види морското дно со помош на камери, или дури и со нашите очи, значи дека ќе мора да се дојде уште поблиску, или со далечински управувани подводни возила или со подморници со екипаж.

Значи изреката „95 проценти неистражено“ не ја претставува вистинската слика за нашето истражување на океаните.

Кога се работи за карта од големи размери, морското дно не е толку неистражено како што можеби се мисли, бидејќи има 100 проценти покриеност со резолуција од 5 километри и 10 до 15 проценти покриеност со резолуција од околу 100 метри.

Тие 10 до 15 проценти се со резолуција слична на сегашните глобални карти на Марс и Венера.

Но, истражувањето на нашите океани зависи од тоа што сакаме да дознаеме за нив.

Ако нашите прашања се од типот „Како изгледа долу“, или „Што се случува на дното“, тогаш областа што е „истражена“ веројатно е помала од тие 0,05 проценти досега обележени со висока резолуција од сонар.

27566-adapt-768-1

Филозофски речено, кога станува збор за истражувањето на нашиот динамичен свет –како и кога одлучуваме дека нешто е истражено? Дали ја прогласуваме „мисијата за успешна“ кога за прв пат ќе ја видиме локација?

Локалните шуми изгледаат различно во зависност дали е лето или зима, со различни видови кои виреат во различни годишни времиња. Треба ли да се смета дека сме ги „истражиле“ после првата посета во едно годишно време?

Истражувањето на начиот свет започнува со мапирањето, но веројатно никогаш не завршува.

Џон Копли (Jon Copley), вонреден професор по Морска екологија на Универзитетот во Саутемптон.

Текстот е објавен во „The Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: