Индија лансираше 104 сателити

)

Индија успешно лансираше 104 „нано“ сателити со што постави рекорд како земја која лансирала најголем број на сателите одеднаш. Со ова ја надмина Русија, која во јуни 2014 лансираше 37 сателити во една мисија.

Според Индиската агенција за вселенски истражувања (ISRO), сателитите кои се тешки до 10 килограми се лансирани со помош на поларното сателитско лансирно возило. Ракетата со комерцијалните сателите е лансирана од космодромот во Срихарикота, Андра Прадеш.

Голем број од сателитите потекнуваат до други земји, меѓу кои САД, Обединетите Арапски Емирати, Израел, Холандија и Казахстан.

Меѓу нив се наоѓа и индискиот сателит за набљудување на Земјата тежок 714 килограми.

Индија се натпреварува со другите меѓународни играчи за што поголем удел во лансирањата и е позната по финансиски најповолна вселенска програма.

Исто така, Индија во септември 2014 година успешно испрати ракета без посада во орбитата на Марс, што пред  тоа успеале да го направат само САД, бившиот Советски Сојуз и Европската вселенска агенција.

 

Поддржете ја нашата работа: