Индија посади 50 милиони дрва за само 24 часа

Минатата недела стотици илјади луѓе излегоа на улиците во државата Утар Прадеш во Индија за да засадат 50 милиони дрва за 24 часа, со цел да го надминат светскиот рекорд.

Иако шест од десетте градови со најлош квалитет на воздухот се наоѓаат во Идија, земјата со 1 милијарда и 250 милиони жители прави големи чекори во напорите за намалување на климатските промени.

Не само што земјата го има првиот аеродром во светот што функционира на 100 проценти соларна енергија и најголемата соларна централа во светот, туку и соларната енергија неодамна во Индија стана поевтина од јагленот.

Затоа, проектот за подобрување на квалитетот на воздухот преку 50 милиони дрва е амбициозен, но претставува само мал дел од целите, кога станува збор за борбата против климатските промени.

Сегашниот Гинисов рекорд за најмногу дрва засадени во еден ден го држи Пакистан со 847.275 дрва, постигнат во 2013 година. Иако ревизорите од Гинисовата книга на рекорди сѐ уште не завршиле со проверка на бројот на засадените дрва, големи се изгледите дека рекордот ќе биде соборен, со оглед дека во засадувањето учествувале 800.000 волонтери.

IFИндиската влада одвоила 6,2 милијарди долари за садење дрва во следните 15 години, бидејќи иако уништувањето на шумите игра само мала улога во нето емисиите на стакленички гасови во Индија, зголемената побарувачка за земјоделско земјиште во руралните средини значи дека садењето нови садници е важно за регионот.

Сепак, засадувањето е само почеток на предизвиците за организаторите на проектот, бидејќи како што изјавуваат официјалните лица за „Associated Press“, 60 проценти од новите садници нема да преживеат заради болести и недостаток од вода.

Високиот претставник за шуми Санјеев Саран изјави дека местата каде ќе бидат засадени дрвата, како по должината на патиштата, железничките пруги и шумските подрачја, ќе бидат мониторирани преку воздушно снимање со цел да се внимава садниците да преживеат.

Придонесите на Индија во борбата против климатските промени се импресивни, прво преку соларната енергија, а сега и со неколку милиони дрва.

Би било добро и други земји да ги засилат напорите за заштита на нашата клима.

Поддржете ја нашата работа: