СПОДЕЛИ

Иако технолошките гиганти како Самсунг и Ејпл едноставо не можат да си оддолеaт а да не се копираат едни со други поради што последниве години нивните адвокати се влечат по судови, сепак последнава информација што ја добивме од корисникот на „Reddit“ “kroopthesnoop” изненади многумина.

Изгледа Ејпл му завидуваше на Самсунг на неговиот „Galaxy Note 7“ чија батерија можеше да експлодира па реши да го ископира и вгради опција за самоуништување во својот нов „iPhone 7“ и така да и Ејпл добие ем нов ем бомбастичен уред.

Шала на страна “kroopthesnoop” тврди дека неговиот „iPhone 7“ кој го порачал преку интернет и му пристигнал со брза пошта веќе бил експлодиран внатре во самата кутија.

Тој го фотографирал целото интересно искуство и сега се очекува „Apple“ и „UPS“ кој бил задолжен за достава на пратката да објаснат како е дојдено до оваа ситуација.

Големи пари се во игра па ништо чудно да се работи и за некоја саботажа од страна на конкуренцијата.

lyppqjz

zrrzhs4

lobq3lc

iqw0hsk

ldkka28

Автор: ВС

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ