Истражување како потврда за интелигенцијата која ја поседуваат делфините

Луѓето, шимпанзата, овните и делфините можат да си го препознаат својот лик во огледало – велат научниците.

Препознавањето на сопствениот лик во огледалото често се зема како знак на интелигенција и самосвест, иако сите научници не се согласуваат со тоа. Во овој случај, научниците беа заинтересирани не само кои видови ја имаат ваквата способност, туку и во кој период од животот се јавува ваквата свест.

Нашите деца веќе можат да си го препознаат ликот на возраст од околу 12 месеци, додека шимпанзата една година подоцна. Сепак подмладокот на делфините е способен да си го препознае ликот на само 7 месеци.

Ова откритие е резултат на истражувањето спроведено од страна на Д-р. Дајана Реис и нејзината студентка Рејчел Морисон, кои со години набљудувале два делфини во Националниот аквариум во Балтимор, а резултатите од нивното истражување се објавени во списанието PLoS One.

Д-р. Реис истакнува дека времето во кое се стекнува можност за самопознавање е од особена важност бидејќи кај човекот таа можност се врзува со други важни чекори во психолошкиот и социјалниот развој. Бидејќи делфинот со оваа можност се стекнува многу порано, истражувачите сметаат дека тие и порано стануваат самосвесни.

Така делфинот Бејли од истоимениот национален парк, на своја седум месечна возраст веќе манифестира однесување кое е сконцентрирано на сопствениот одраз, како што е завземање на необични пози.

“Делфините понекогаш го ставаат своето око блиску до огледало и набљудуваат со внимание. Понекогаш гледаат во внатрешноста на својата уста и превртуваат со јазикот” – вели Д-р. Реис.

Така на пример едно друго младенче од делфин, 14 месечниот Фостер, необично обожава да се превртува наопаку и да пука меурчиња пред огледалото поставено во аквариумот.

Освен тоа, истражувачите го тестирале сопственото препознавање на делфините во огледало, така што им цртале точки на места каде делфините не би ја забележале освен ако се погледнат во огледало. Овој тест го положиле на две годишна старост, бидејќи научниците не биле во можност претходно да цртаат по нив.

Поддржете ја нашата работа: