Јапонски дрон кој лета над изморените работници, пушта гласна музика и ги тера вработените да си одат дома

Летечкиот робот ‘T-Frend’ лета над оние работници кои остануваат да работат до доцна и ја пушта познатата шкотска мелодија ‘Auld Lang Syne‘, која во Јапонија се користи како објава за затворање на трговските центри.

Оваа машина е дел од напорите на државата да го намали работното време во Јапонија. Експертите пак, оваа идеја ја сметаат за смешна, бидејќи вработените и така доколку треба да ја завршат работата, ќе ја завршат од дома.

Taisei, компанијата за безбедност и чистење од Нагоја, е една од авторите на ваквата идеја, а ‘T-Friend’ услугите ќе започне да дава од април, следната година во соработка со Blue Innovation, компанија која се бави со развој на дронови.

“Не е возможно да работите кога над глава ви лета дрон, а уште помалку кога постојано ви свири “Auld Lang Syne”. Цената за изнајмување на ваквиот дрон допрва треба јавно да се објави, но се цели на околу 4500 долари”, вели директорот на Taisei, Norihito Kato.

Scott North, професор по социологија на Универзитетот во Осаки пак, вели дека е нужно да се намали работата, било тоа со намалување на бројот на задачите кои им се даваат на вработените, или да се вработат повеќе работници.

Дронот е опремен со камера која снименото го префрла на SD картичка. На овој начин може да се следи состојбата во канцелариите во речиси реално време. Уредот е во состојба да ја препознае локацијата без GPS. Од T-Frend планираат на дронот да му дадат можност за препознавање на лицата, за точно да се знае кој останува после завршеното работно време.

Јапонската влада се обидува да ја промени културата во која долгите работни часови се перципираат како докажување на верноста и преданоста на компанијата. Секоја година во Јапонија долгите работни часови се одговорни за повеќе десетици смртни случаеви како последица од мозочен удар, срцев удар и самоубиства.

Така, во февруари, оваа година државата ја започна програмата “Премиум петок”, во која ги поттикнува вработените да си одат дома порано во последниот петок од месецот, со двојна цел: за намалување на прекувремените часови и поттикнување на потрошувачката.

Планот сепак пропадна, бидејќи сепак работниците тврдат дека токму последниот петок од месецот имаат најмногу работа.

Поддржете ја нашата работа: