Јапонците со решение за враснати нокти

Постојат повеќе фактори кои можат да ја предизвикаат оваа состојба. Ако ги сечете ноктите многу кратко, или ако не ги сечете рамно, хигиената на стопалата, типот на обувките, сите овие фактори можат да допринесат за појавата на враснати нокти.

Ефикасен лек нема и во повеќето случаи спонтано поминува. Но, понекогаш оваа состојба може да стане многу сериозна и да доведе до инфекција на коската. Во вакви случаи потребно е хирушки да се отстрани ноктот.

Но, еден нов јапонски изум наречен „Makizume Robo Ingrown Toenail Fixer“, ветува дека може да го реши овој проблем.

Погледнете го видеото за да видите како, со помош на овој уред, може сами да го исправите враснатиот нокт, за отприлика 30 минути.

 

Поддржете ја нашата работа: