Научниците од универзитетот East Anglia (UEA) направиле голем чекор кон произведување на чиста електрична енергија со помош на бактерии.

Во денешниот свет постојат два големи проблеми кои треба да се решат, отпадот и создавањето на чиста енергија. Благодарение на новото откритие на британските и американските научници, се прави чекор кон побрзо решавање.

Судејќи според извештаите објавени во Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), протеините на површината на бактеријата можат да создадат електрична енергија при едноставен допир со површината на минералите.

Со други зборови, бактериите можат да се постават на метал или минерал и во нив да испуштаат електричен набој низ клеточните мембрани. Тоа значи дека бактериите можат директно да се поврзуваат со електроди, што е важен чекор во создавање ефикасни микробни горливи клетки, односно био бактерии.

Во текот на истражувањето, научниците ја користеле морската бактерија Shewanella oneidensis и создале нејзина синтетичка верзија со тоа што ги употребиле само протеините кои пренесуваат електрони од внатрешноста на бактеријата во минералите.

Во експериментот, научниците вметнале клучни протеини во липидните слоеви на меурчињата кои наликуваат на мембрана на бактеријата. Потоа тестирале како електроните патуваат меѓу внатрешноста во која се создаваат и минералите богати со железо, кои се наоѓаат на надворешната страна.extra_large-1486379389-dfso

“Знаевме дека бактериите можат да пренесуваат електрицитет во металите и минералите и оти интеракцијата зависи од посебните протеини на нивната површина. Сепак, не беше јасно дали протеините делуваат директно или индиректно низ непознатите посредници во средината. Нашето истражување покажа дека протеините можат директно да ја допрат површината на минералите и да создадат електрична енергија.”

“Овие бактерии покажуваат голем потенцијал за создавање електрицитет со разградување на домашниот или земјоделскиот отпад”, вели Том Кларк од UEA, водечки истражувач.

Поддржете ја нашата работа: