Како би изгледал Гренланд без ледената покривка?

Научниците создадоа неверојатна визуализација на Гренланд – без ледената покривка.

Изработен е е врз основа на децениски податоци од истражувањето кое ги покажува положбата и обликот на подлогата на територијата и околното морско дно. Ова се критични информации потребни за да се разбере како огромниот остров би можел да реагира на затоплувањето на светот.

Доколку се стопи целиот мраз на Гренланд, тоа ќе го зголеми  глобалното морско ниво за 7,42 метри.

И сè е лесно да се пресмета: ако ја знаете висината на горниот дел од мразот и од тоа ја одземете висината на подлогата – добивате обем од 2,9 милиони кубни километри мраз.

„Тоа ни дава седум сантиметри повеќе од потенцијалот на нивото на морето – малку повеќе отколку што мислевме, но не и многу повеќе.Гренланд моментно губи речиси 260 милијарди тони мраз во океанот секоја година. Toa e многу, но никој не очекува итен колапс – барем со векови. “, објаснува д-р Матие Моригем од Универзитетот во Калифорнија во Ирвин, САД.

Сепак, некои од одговорите за тоа колку бргу може да дојде до промени, ќе се најдат во податоците на картата.

„Ако се обидувате да моделирате мраз, единствениот најважен влез е дебелината на мразот“, вели проф. Џонатан Бамбер, глациолог од Универзитетот Бристол во Велика Британија.

“Брзината на движењето на мразот е пропорционална на четвртата дебелина. Затоа во дебелината  разликите во дебелината создаваат огромни разлики во брзината на мразот во нашите модели и на работи како термодинамиката бидејќи дебелиот мраз е потопол од тенкиот, и така натаму, вели тој.

Шареноликата карта е драматична илустрација на BedMachine иницијативата, која настојуваше да се поврзе се што знаеме за она што се наоѓа под, и во околината на огромната ледена плоча.

Научниците кои работеле на овој проект објавија резиме на наодите од нивните откритија во соработка со Geophysical Research Letters минатиот месец, а сега на барање на професорот Бамбер, Британскиот антарктички истражен оддел (БАС) ги стави податоците во визуелно разбирлива форма.

Во проучувањето на скриениот пејзаж, научниците сега се доста сигурни дека двата потока на мраз се наоѓаат на врвот на долините, кои беа пресечени од реки што течеа низ Гренланд долго пред да се појави ледената плоча.

Млечните води продолжуваат да ги намалуваат овие долини под глечерите подмачкувајќи го нивниот проток.

 

 

Поддржете ја нашата работа: