Како да ги смирите нервите?

Адреналинот, еден од најдобро познатите хормони. Тоа е нашиот одговор на сѐ што телото го доживува како стрес. Се лачи од надбубрежните жлезди, кои се сместени на горните полови од бубрезите. Адреналинот ги забрзува циркулацијата, дишењето и метаболизмот и ги подготвува мускулите за акција. Целата оваа активност може да предизвика чудни ефекти во вашето тело. Адреналинот е причината зошто ви се тресат рацете кога сте нервозни (вашите мускули се полни со вишок на енергија) и што крвта ви „бие“ во ушите.

Адреналинот се нарекува уште и епинефрин и може да нѐ натера да направиме некои неверојатни работи. На пример, адреналинот ги претвора јагленохидратите во гликоза, главниот извор на енергија за телото, а тоа ја прави нашата скелетна мускулатура посилна. Тоа е како природно да сме ги „набилдале“ мускулите и тие стануваат појаки под овој краткотраен наплив на енергија.

Се смета дека на овој начин луѓето добиваат натприродна сила – како кога успеваат да подигнат автомобил за да го спасат своето дете и слично. Не е научно признаено, но колкава е потенцијалната сила на нашата мускулатура може да се види ако доживееме голем електричен удар, бидејќи ударот не е тој што не отфрла, туку контракцијата на мускулатурата. Силата е толку голема што за еден момент може да се најдеме на другата страна од просторијата, а адреналинот може да влијае на таа моќ.

Поддржете ја нашата работа: