Како да се наполни мозокот со повеќе информации ?

Истражувачите развиле прототип на 3D приказ кој ги оживува податоците токму на таков начин и буквално ја става во заборав дводимензионалната бар шема.

Специјалистите за интеракција човек-компјутер во Универзитетот Ланкастер имаат изградено уред кој ги претвора податоците во три димензионален приказ. Интерактивната мрежа од 100 движечки колони им овозможува на луѓето да ги разберат и интерпретираат податоците на прв поглед. Луѓето можат и физички да комуницират со податоците со допирање, што ја олеснува селекцијата, филтрирањето, споредувањето и безброј други корисни функции.

3D приказoт е радикално поинаков од интеракцијата со податоци на рамен екран. Производите ќе добијат форма пред вас, броевите ќе станат „нешта“ кои можете да ги допрете.

Ланкастер е лидер во областа. Екраните кои ја менуват формата би можело еден ден да бидат во домовите, канцелариите, па дури и мобилните.

Групата, предводена од  д-р Џејсон Александар ќе претстави некои од нивните дела на конференцијата, CHI 2015 месецов во Кореја.

Д-р Александер верува дека овој вид на технологија, која им овозможува на луѓето брзо да ги идентификуваат моделите и апсорбираат големи количини на информации, може да донесе големи промени во бизнисот и образованието.

Но, за овие екрани да бидат ефективни, истражувачите и производителите треба да разберат како луѓето комуницираат со нив. Затоа, тимот на Ланкастер јавно ќе ги тестира прототипите.

Луѓето знаат како да истражуваат и да интерпретираат физички артефакти. Тоа го правиме постојано. Оваа тактилна платформа овозможува користење на вродени вештини за преглед на бази на податоци кои досега беа ограничени на 2D рамни екрани.

„Нашиот предизвик беше да се произведе дизајн, кој ќе им овозможува на корисниците брзо да апсорбираат големи бази на податоци, користејќи графички базирани манипулации. Следниот чекор е да се создаде помал и полесен прототип, кој ќе може да се користи насекаде“- вели д-р Александер.

Што би било ако секој пиксел на екранот може да се движи? Замислете  и можностите. Можеби набрзо ќе бидеме сведоци на спојување на физичките и дигиталните светови.

Поддржете ја нашата работа: