Како изгледа Чернобил 30 години по нуклеарната несреќа?

На 26 април 1986 година, во нуклеарната централа Чернобил во тогашниот Советски Сојуз (денешна Украина), се ослободи 10 пати поголема радиоактивна енергија од нуклеарната бомба во Хирошима. Оваа несреќа се памети како една од најлошите нуклеарни несреќи во историјата.

Експлозијата исфрли радиоактивен гас и прашина во воздухот, кои ветровите ги разнесоа низ централна и јужна Европа. 31 лице го загуби животот при самата несреќа, а како резултат на изложеноста на радијацијата здравјето на безброј лица беше оштетено на догорочен план. Долгорочните последици, како што е појавата на рак, се’ уште се испитуваат.

За време на несреќата, во централата имало 4 реактори од 1.000 мегавати, а петтиот бил во процес на изработка. Како главна причина за несреќата се издвојува нестабилноста на централата, односно четвртиот реактор кој бил изграден од бетон, но требало да биде засилен и со челик. Но, сепак, како директна причина се посочува човечка грешка, односно експеримент кој тргнал наопаку.

Инженерите сакале да тестираат дали можат да извлечат енергија од турбините генератори, додека реакторите се исклучени, а турбините се’ уште се вртат. За да го направат овој експеримент, тие морале да исклучат голем број од автоматските контроли за безбедност и да го отстранат поголемиот дел од контролните прачки, кои ги апсорбираат неутроните и ја ограничуваат радијацијата. Но, инженерите премногу брзо ги исклучиле реакторите што довело до серија на деструктивни избори што на крајот довело до масивна хемиска експлозија. Поради радијацијата, Чернобил беше прогласена и се’ уште е зона во која е забрането движење.

Околу 350 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат домовите во радиус од 30 километри околу централата. Најтешко погоден бил градот Припјат во Украина, кој главно бил населен од страна на работниците во централата со своите фамилии. Градот бил напуштен набрзина и до денешен ден е празен. Погледнете како изгледа денес оваа зона!

1234Во 2011 година, Украина дозволи пристап до забранетата зона околу Чернобил, но за да може да се посети овој град, потребни се безбедносни проверки, соодветна авторизација и туристички водич. Радиоактивната вода, почва и воздух се’ уште влијаат на просторот околу оваа зона и според проценките нема да биде безбедна за човечки живот во следните 20 илјади години.

678910Извор: „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: