Како изгледаат солзите?

Дали некогаш сте помислиле како изгледаат солзите погледнати под микроскоп?

Се чини дека солзите можат да бидат уникатни и имаат слична кристална структура како што е случај со снегулките, кога ќе се погледнат под микроскоп.

Холандскиот уметник Морис Микерс, направил серија слики од солзи погледнати под микроскоп со темно поле, каде се гледаат овие прекрасни шари и форми.

Постојат три основи типа на солзи: базични солзи кои служат за навлажнување на окото; рефлексни или солзи кои се последица на иритација, и емоционални солзи кои се јавуваат кога од среќа или од тага се губи емоционалната контрола.

Микерс сакал да види дали по изглед се разликуваат солзите кои се јавуваат при различни емоционални состојби.

more-tears
Солза од среќа (лево) и солза од тага (десно)

Кристализацијата на солзите може да се одвива помеѓу 5 и 30 минути, во зависност од средината. Засега постојат малку истражувања во врска со тоа како кристализираат солзите.

Наоми Чајен, биомедицински научник од Универзитетот во Лондон, смета дека се потребни дополнителни аналитички техники за да се утврди што ги прави солзите да изгледаат различно.

„Кристалите се многу зависни од состојките. Ако кај исто лице во ист ден, емоционалните солзи се сушат различно од солзите предизвикани од кромид, тоа би било многу интересно“- вели Чајен за „Quartz“.

Погледнете како ова го прави Микерс, во видеото подолу и како изгледаат некои од добиените слики.

Поглед во вентилатор

1Емоционален одговор

2Кога се јаде црвена лута пиперка

3Кога се сече кромид

4

Поддржете ја нашата работа: