Како изгледало работното место на некои од најголемите умови во науката?

Една од познатите изреки на Ајнштај гласи: Ако преполното биро е знак за преполн ум, тогаш што е со празното биро? Ова очигледно е симпатична шега, најверојатно за да го оправда недостигот на организација на сопственото биро, но сепак има мала вистина во тоа дека начинот на кој го организираме нашето работно место може да каже многу за нас како поединци.

Едно истражување од 2013 година покажува дека лицата со неуредни работни маси се повеќе склони кон креативно размислување и преземање ризици, додека оние со почисти и поорганизирани маси имаат поголема веројатност да ги почитуваат правилата и распоредот на работа.

Според научниците, се чини дека неорганизираните средини ги инспирираат луѓето да се ослободат од традицијата, што може да овозможи нов увид на нештата.

Ова е потврдено од уште едно истражување од 2013 година при кое група студенти биле сместени во уредна или неуредна канцеларија каде што требало да измислат колку што можат повеќе нови начини за користење на пинг-понг топчиња. Студентите во неуредната канцеларија предложиле значително повеќе креативни идеи.

Сепак, ова се само генерализации за кои се потребни повеќе истражувања. Неуредната маса нема да ве направи гениј. Но, во случај да барате инспирација како да  го организирате (или да не го организирате) вашиот работен простор, ви претставуваме неколку работни места на некои од најбрилијантните умови во областа на науката.

1. Марија Кири во нејзината лабораторија во 1898 година.

2. Никола Тесла во неговата лабораторија во 1899 година. Оваа фотографија е направена со помош на техниката на двојна изложеност.

23. Бирото на Алберт Ајнштајн, фотографирано на денот на неговата смрт во 1955 година.

34. Бирото на Стивен Хокинг на Универзитетот во Кембриџ во 2012 година.

4

Поддржете ја нашата работа: