Како ќе изгледа човекот за 100 години?

СПОДЕЛИ

Сите знаеме дека научниците секојдневно работат на нови вештачки екстремитети, импланти, генетски модификации, сѐ со цел да го направат човечкото тело во иднина да биде подобро, посилно, побрзо.

Ова, секако е многу добро, но може да биде и застрашувачки, поради тоа колку далеку ќе одиме за да го усовршиме нашиот вид? Ако биолошката совршеност станува стандард за нашиот вид, тешко дека некој ќе избегне да заврши во отпад – но, како што објаснува видеото подолу, иднината на човештвото зависи од нашата потрага по совршенство.

Во видеото на „TED talk“, футуристот и истражувач од Харвард, Хуан Енрикез, објаснува дека забрзаната еволуција, поттикната со фундаментално изменети гени, органи и клетки, е единствената работа што ќе го спаси човештвото да не ја доживее судбината на диносаурусите.

Масовни исчезнувања веќе се случиле пет пати во истријата на Земјата, што значи дека постои голема веројатност и луѓето да исчезнат од лицето на Земјата еден ден.

Дали тоа ќе биде од астероид, од епидемија или од супер вулкан – ако нешто сме научиле од историјата е тоа дека нашето време на ова мало делче од Универзумот е ограничено.

Нам ни останува да се подготвиме за неизбежното – колку тоа и да изгледа неетички во моментов.

„Ако верувате дека исчезнувањата се честа природна и нормална појава и се случуваат периодично, станува морален императив да го видоизмениме нашиот род“- вели Енрикез.

Да го земеме Марс за пример, ако се случи нешто што ќе го направи животот на луѓето на Земјата во иднина невозможен, ќе ни биде потребна изменета биологија што ќе може да ги изржи условите на Црвената планета.

Тоа не значи ставање на импланти со кои ќе добиеме надчовечки слух или егзоскелет што ќе направи да трчаме побрзо – за да преживееме во останатиот дел од Сончевиот систем ќе треба да станеме цивилизација Тип 3 на Кардашев скалата.

Што значи тоа? Тоа значи дека нашиот род ќе треба да се промени до непрепознавање за да може да преживее.

„За да станеме ултра цивилизација во Сончевот систем ќе треба да создадеме Тип 3 цивилизација, а тоа е многу различно од тоа што го имаме сега“- Вели Енрикез.

Како би изгледало тоа, погледнете во видеото. Може само да кажеме дека ќе биде пеколно.

Дискусија

Коментари