Лозарите и винарите се борат да го заштитат своето лозје и вашите омилени вина од опасностите кои ги носат климатските промени. Прочитајте чекор по чекор што тие превземаат за да се победи климата.

Што ако во иднина не би можеле да го препознаете вкусот на вашето омилено вино, не затоа што сте ја изгубиле способноста за вкус, туку заради климатските промени кои влијаат на карактерот на разновидноста од виното?

Климатските промени се вистински, велат луѓето кои ги студираат нејзините ефекти врз винските региони. Се плашат дека за 50 години од сега, ќе биде тешко да се препознаат стиловите на вино кои во моментов се симбол на даден регион.

“Максимумот од 50 степени Целзиусови беше граница за лозарството веќе подолго време, но временските услови се менуваат”, изјави Григориј Џонс, професор за животната средина на Јужниот Универзитет во Орегон, говорејќи на International Cool Climate Wine Symposium во Брајтон, Англија.

Три начини на кои винопроизводителите се справуваат со климатските промени:

1. Поставување на тенда

Користењето на сенките од дрвјата е една опција. Но, земајќи ги во предвид непредвидливите временски услови на годишно ниво, потребна е поголема заштита. Затоа лозарите практикуваат тенди.

2. Различни сорти на грозје

Истражувачите во традиционалните региони, веќе истражуваат нови сорти на вино, прилагодливи на различни климатски услови и болести кои настануваат како нивен резултат. Две француски земјоделско – истражувачки иституции студираат парцела насадена со 52 различни гроздови варијации, вклучувајќи некоја од Португалија, Грција и Италија. Целта е да се идентификуваат сорти кои се подобро прилагодливи на топла клима.

“Можната долгорочна адаптацијата е инвестиција за во иднина, поточно за по 2050 година.”, пишува професорот Корнелис ван Леувен на Bordeaux Sciences Agro.

3. Избор на живот

Лозарите можеби ќе треба да ги засадат своите лозја на повисоки географски широчини. Во Германија уште отсега го прават токму тоа. Лозарите се селат на високите места каде е поладно со цел да ги спасат веќе постоечките сорти.



Поддржете ја нашата работа: