Како научниците го објаснуваат снегот во Сахара?

СПОДЕЛИ

Белата покривка во Алжир ги развесели најмладите, но ги збуни климатолозите.

Во Алжир, на вратите на Сахара, во градот Аин Сефра пред неколку дена црвените песочни дини ги покри снег. Во изминатите 37 години, ова е трет пат да се случи да падне снег. Прв пат во 1979та година, втор пат во 2016та година. Дали е ваквата појава е случајност со примерот на глобалното затоплување кое ни се случува – од непостоењето на зима кај нас до најстудените забележани зими на истокот во Северна Америка, или Австралиските 47 степени Целзиусови?

Високиот притисок над Европа го истуркал студениот воздух јужно од Сахара. Во текот на летото температурата во Аин Сефра се искачува до 38 степени Целзиусови, а жителите под планината Атлас подобро се снаоѓаат со горештини отколку со студенило. Утринскиот снег од 40 сантиметри кој падна на ова место, веќе попладнето беше стопен, а температурата се искачи до 10 степени.

Додека едни, необичната појава ја препишуваат на климатските промени и брзото глобално затоплување, некои научници сметаат дека во Северна Африка започнува нов, влажен, климатски период.

Пред 11.000 години, до пред 5.000 години, Северна Африка била зелена, плодна и преполна со езера и реки, се додека нешто набрзо не го прекинало “дотокот” на влажните извори. Палеонтолозите и археолошките наоди говорат дека во тоа време таму живееле слонови, антилопи, и нилски коњи, а ловците овие сцени ги сликале во внатрешноста на пештерите. Тоа е ера која е директен резултат на афричката монсунска клима која пак формира ефект на периодични варијации во земјената орбита околу сонцето која се случува секои 20.000 години, а во најмала рака се поновува поради геолошката епоха миоцена (пред 23 – 5 милиони години).

Дискусија

Коментари