Како се пренесува ХПВ вирусот?

Хуман папилома вирусот, исто така познат како ХПВ, е најчестата сексуално пренослива болест во САД и е одговорна за околу 5% од заболувањата од рак ширум светот, особено рак на грлото на матката. Докторите се’ уште не се сосема сигурни како се шири.

Едно ново истражување укажува на тоа дека ХПВ не се пренесува само преку сексуален однос, туку и преку контакт на уста со гениталии и уста со уста.

Истражувањето, објавено во „Cancer Epidemiology, Biomarkers, & Prevention“, е направено од страна на канадски истражувачи. Тие велат дека е важно да се открие како се пренесува бидејќи на тој начин може да се идентификуваат оние кои се изложени на најголем ризик од инфекција и да им се помогне да се заштитат, заедно со своите партнери.

Истражувачите ја истражувале застапеноста на ХПВ кај 222 мажи и нивните партнерки. Истражувањето ги опфаќало нивните претходни сексуални искуства, вклучувајќи го и оралниот секс, а им биле и земени примероци од устата, вагината и пенисот.

Резултатите покажале дека 7,2% од мажите имале орално ХПВ. Од овој процент, 28,6% имале партнерка која имала орална ХПВ инфекција и 11,6% имале партнерка со генитална ХПВ инфекција. 2,7% биле заразени со ХПВ 16, но од 33 мажи кои имале партнерки со генитална ХПВ 16 инфекција, само 6,1% биле инфицирани. Од овие бројки истражувачите заклучиле дека шансите за зараза се зголемуваат кога парнерот орално ја задоволува парнерката.

Покрај тоа што истражувачите пронашле поврзаност помеѓу оралниот секс и ширењето на ХПВ вирусот, тие исто така откриле и дека пушењето на цигари ги зголемува шансите за инфекција. Кај 12,2% од мажите токму тоа била причината за орално ХПВ. Истражувачите сметаат дека тоа се должи на ерозивниот карактер на тутунот кој предизвикува потешкотии во чистењето на инфекцијата. Затоа пушачите имаат поголем ризика за развој на орофарингален рак.

Истражувачите веруваат дека е потребна рана за ХПВ вирусот да навлезе во телото. Пушачите имаат поголема веројатност за ранички во устата. Едно истражување од 2013 година сугерира дека целокупната лоша хигиена на устата, како на пример чиреви и хронично воспаление, исто така го зголемуваат ризикот за инфекција.

Поддржете ја нашата работа: