Кина веќе 2 години има телескоп на Месечината

Повеќето од нас за прв пат ја слушаат оваа вест, што е одлична, бидејќи телескопот може да набљудува многу работи што не се видливи од густата атмосфера на Земјата.

Месечината, исто така, ротира многу побавно од Земјата (поточно околу 27 пати) што значи дека телескопот може да набљудува една иста ѕвезда со денови, што е невозможно тука на Земјата.

Телескопот е изграден за да открива ултравиолетова светлина и досега набљудувал вкупно 2.000 часа, вклучувајќи 40 ѕвезди. Дури и ја направил оваа слика од галаксијата Вртимушка што е оддалечена 21 милион светлосни години.

 


Научниците, сега, ги објавија резултатите од првите 18 месеци од мисијата на телескопот во „arXiv“. Всушност, било предвидено телескопот да работи само околу една година и токму затоа е вистинско изненадување што се’ уште функционира и научниците се надеваат дека ќе остане така, барем до крајот на 2015 г. Следен чекор се телескопи на Марс.

Поддржете ја нашата работа: