Кина во вселената го лансира првиот телескоп кој ќе лови црни дупки

Кина во четвртокот го лансираше својот прв вселенски телескоп со Х-зраци за истражување на црните дупки и пулсари, што е нова фаза во нејзината амбициозна вселенска програма.

Редгенскиот телескоп “Insight” ќе им овозможи на научниците набљудување на магнетните полиња и внатрешноста на пулсарот, како и подобро разбирање за формирањето на црни дупки.

Механизмот од 2,5 тони во орбитата ја исфрли ракетата Long March-4Б во 04 часот по централно европско време од центарот за лансирање во Јиукуан, во пустината Гоби – соопшти агенцијата Нова Кина.

Научниците ќе го користат телескопот за проучување како да ги користат пулсарите за навигација на вселенското летало.

Кина инвестира милијарди евра во своите вселенски програми за да го фати чекорот со Европа и САД.

“Insight ќе го поттикне развојот на вселенската астрономија и ќе ја подобри кинеската технологија за откривање на Х-зраци”.

Кина во април, оваа година го лансира својот прв товарен вселенски брод кон вселенската лабораторија, што е клучен чекор кон станицата со екипаж до 2022ра година.

Кина исто така минатиот месец ја отвори својата затворена лабораторија на Земјата која ја симулира околината на Месечината.

Поддржете ја нашата работа: