Кој верува во теориите на заговор и зошто?

Ја разнесе платформата „Deepwater Horizon“ за бушење на нафта за да ја спроведе својата агенда за животната средина; измисли опасност од напад со гас од Сирија за да започне војна; организираше напад врз агенти од Агенцијата за безбедност во превозот (TSA) за да и обезбеди поголема моќ на агенцијата; го нареди масакарот во училиштето Сенди Хук (Sandy Hook) за да го „протурка“ својот закон за контрола на оружјето и направи концентрациони логори во кој ќе ги смести американците што ќе му се спротивстават.

Навистина ли луѓето веруваат во вакви теории на заговор? Да, веруваат. И тоа во вознемирувачки голем број – според податоците од едно емпириско истражување од политиколозите Џозеф Е. Ушински и Џозеф М. Парент од Универзитетот за политички науки во Мајами, презентирани во нивната книга „Американски теории на заговор“ (American Conspiracy Theories). Околу една третина од американците, на пример, веруваат во теоријата дека Обама е странец. Приближно исто толку веруваат дека  „9/11“ е „внатрешна работа“ направена од администрацијата на Буш.

Идејата дека ваквите верувања се поддржани само од група „момци“ што живеат во подрумските простории кај своите родители е мит. Анкетите покажале дека верувањето во заговори е присутно кај сите – независно од полот, расата, возраста, политичката припадност, степенот на образование и професионалниот статус. Луѓето од политичката левица и десница, на пример, скоро подеднакво исто веруваат во теориите на заговор, само што секој си има различни „кабаетлии“.

Либералите се повеќе склони да веруваат дека медиумите и политичките партии се пиони на богатите капиталисти и големите корпорации, додека конзервативците имаат тенденција да веруваат дека истите тие институции се контролирани од академиците и либералната елита. Теориите на заговор што ја вклучуваат генетски модифицирана храна , најмногу се прифатени од левицата (кои го обвинуваат, на пример „Монсанто“ дека работи на тоа да ги уништи малите фармери), додека теориите за климатските промени, првенствено се прифатени од десницата (кои ги обвинуваат научниците дека манипулираат со податоците со цел да ја уништат американската економија).

Друг фактор кој допринесува за овие теории е идентитетот на групите. Афро-Американците повеќе се склони да веруваат дека „крек“ кокаинот во внатрешноста на градските населби е „подметнат“ од ЦИА, додека белите американци веруваат дека владата ги оданочува богатите за да ја помага социјалата и да ја претвори државата во социјалистичка утопија.

Она што е охрабрувачко во наодите од истражувањето е дека образованието допринесува да се намали верувањето во теориите на заговор. 42 проценти од оние што немале високо образование биле наклонети да веруваат во теориите на заговор, наспроти 23 проценти од оние со високо образование. Тоа сепак значи дека еден од пет високо образовани американци имаат тенденција да веруваат во овие теории.

Меѓу другите фактори одговорни за креирањето на теориите на заговор, истражувачите ги посочуваат и лабораториските експерименти кои што будат страв и чувство на губење на контрола кај луѓето, поттикнувајќи ги на тој начин да гледаат непостоечки шеми и објаснувањата да ги бараат во теориите на заговор. Тука спаѓаат и состојбите од реалниот свет – постојат докази дека природните катастрофи (како замјотресите) и останатите стресни состојби (како несигурноста на работните места) допринесуваат луѓето да ги измислуваат, да ги прифаќаат и да ги повторуваат теориите на заговор.

Теоријата на заговор ја дефинираат четири карактеристики, објаснуваат истражувачите: (1) група (2) која делува во тајност (3) за да направи промена во институциите, да приграби моќ, да ја сокрие вистината или да се здобие со друга корист (4) на сметка на општото добро.

На листата на оние кои во последните 120 години се сметале за заговорници, според анализите на истражувачите, се наоѓаат од Адолф Хитлер и Африканскиот Национален Конгрес до Светската Здравствена Организација и Ционистите, категоризирани во осум вида: Левица, Десница, Комунисти, Капиталисти, Медиуми, Влади, Странци и Други (меѓу кои Масоните, па дури и научниците). Заедничко за сите нив е моќта – кој ја има, а кој ја посакува.

А за тие што прават заговори – сетете се на мотото на ревуционерите од целиот свет „sic semper tyrannis“- „Вака треба со тираните“!

Поддржете ја нашата работа: