Колку често треба да се тушираме?

Повеќето од нас веруваат дека колку повеќе се тушираме, толку сме почисти. Енергично го триеме нашето тело со сапун за да ги убиеме сите бактерии на кожата, без да знаеме дека секојдневното миење всушност може да доведе до уште повеќе бактерии. Па, тогаш, колку често треба да се тушираме?

Одговорот е – ЗАВИСИ! Оние кои работат напорни физички работи, кои живеат во топли и влажни места или вежбаат, треба да се тушираат секој ден. Потта која останува на нашето тело обезбедува основа за развој на бактериите. Вишокот на масти може да ги затвори порите и да доведе до акни на лицето и телото.

Но, секојдневното туширање може да биде штетно за телото ако не се потиме многу. Тоа ја суши кожата, при што може да се отворат празнини преку кои бактериите може да навлезат во кожата.

Честото бањање додека нашата кожа веќе е сува ги зголемува шансите за ослабен имунитет бидејќи ги измива природните масла на кожата и ги нарушува бактериите на самата кожа кои му помагаат на имунолошкиот систем.

Не постои јасна разлика помеѓу бањање и туширање, иако бањите се понежни за лицата кои имаат проблеми со кожата како дерматитис или егзема.

„Луѓето мислат дека се тушираат за да бидат почисти, но бактериолошки тоа не е така“, вели д-р Елејн Ларсон, експерт за инфективни болести и продекан за истражување на Медицинскиот факултет во Колумбија.

Ларсон вели дека антибактериските сапуни и производи за чистење не се ништо подобри од обичниот сапун во намалувањето на ризикот за инфективни болести. Покрај тоа, триењето на кожата и пилингот исто така не помагаат многу.

Значи, колку често треба да се тушираме?

01-8-ways-youre-showering-wrong-scalp

Докторите велат дека кога се работи за нашето здравје, се препорачува еднаш или два пати неделно. Сепак, може да се тушираме секојдневно, но да не го сапунираме целото тело туку само деловите кои произведуваат мирис, како пазувите, задникот и гениталиите.

Се додека ги миеме нашите раце и ја переме облеката (која природно ги трие и собира мртвите клетки и нечистотиите од кожата), нема да имаме никакви здравствени последици.

Хемијата на секоја кожа кај секој човек е различна, па кај некои луѓе секојдневното туширање може и да не е толку опасно како кај други луѓе.

Во релативна смисла, ако сте во добра здравствена состојба, прескокнувањето на некое туширање одвреме-навреме нема да направи никаква штета.

Поддржете ја нашата работа: