Колку денес би не чинело патувањето на Марс?

Некаде кон крајот на осумдесеттите, Артур Кларк круцијално ја опишал цената за лет на Месечината. Неколку години по издавањето на “Одисеја во вселената 2001.” го изнесе податокот дека за да се финансира се што таму е прикажано, а што на нас и денес ни е далечна иднина, иако технолошки не е тешко да се направи, е потребна еднаква сума на пари кои се дадени во војната во Виетнам.

Минатиов период, од 9ти до 11ти мај, водечките светски научници и инженери се собраа на Самитот на луѓето на Марс, со цел да разговараат помеѓу останатото и за цената на вселенските летови. Разговорот се водеше помеѓу Баз Олдрин, Вилијам Х. Герстенмеир и Паскал Ли кој направи интервју со Money и ги откри бројките.

“Програмата Аполо, која доведе до слетување на Месечината, во шеесеттите чинела 24 милијарди долари годишно, во текот на 10 години. За да се добие слика на кажаното, 24 милијарди долари трошевме во текот на војната во Виетнам, што значи дека секоја година тогаш сме го трошеле 10 годишниот износ за истражување на вселената”, вели Ли. НАСА во тоа време на Аполо трошела 4 % БДП од САД. 50 години подоцна НАСА има буџет од 19 милијарди долари, што е само 0,3 отсто БДП во релевантен однос помалку од една десеттина на оној од шеесеттите.

Министерството за одбрана на САД троши 400 милијарди долари годишно, а човечката мисија на Марс не би чинела помалку. Под претпоставка тој износ да се помножи со 2 или 3 поради комплексни проекти, се доаѓа до 1000 милијарди долари, но во текот на 25 години.

Паскал Ли е еден од оние кои не ја жали својата безбедност и е подготвен се да ризикува за да патува на Марс. “Најголема корист од програмата Аполо беше тоа што им се покажа на СССР дека социјалниот систем на запад е понапреден од нивниот. Од научна корист е тоа што се објасни како настанала Месечината и како Земјата може да се развива. Најголема корист беше тоа што Аполо значеше моќ за науката, технологијата, математиката.” додава Ли.

Само од средината на 60тите до почетокот на 70тите, бројот на докторати во САД од областите поврзани со таа програма е двојно зголемен. Како тоа функционира, се гледа денес во Кина, која од неодамна се насочи на својата сопствена програма.

Поддржете ја нашата работа: