Колку долго човештвото би преживеало Зомби апокалипса?

СПОДЕЛИ

Студенти по физика пресметале колку долго луѓето би можеле да преживеат за време на зомби апокалипса, и резултатите се прилично разочарувачки.

Студијата покажува дека по само 100 дена, нешто повеќе од 3 месеци, помалку од 300 луѓе ќе останат живи на целата планета.

Во тој момент, луѓето ќе бидат бројно помалку со милион зомби на еден човек, што значи дека би било прилично тешко за преживеаните како Рик и неговата банда во „The Walking Dead“.

Но, пред да ја изгубиме целата надеж, има и добри вести. Луѓето постепено би убивале повеќе зомби, би се подобриле во преживувањето и би правеле повеќе бебиња, па населението во светот евентуално би почнало да се враќа по околу 27 години.

Истражувањето било спроведено од страна на студенти по физика на Универзитетот во Лестер, како дел од годишната вежба која ја тестира нивната способност да ја применат науката во реалниот свет или хипотетички сценарија.

Да биде јасно, зомби апокалипсата е целосна фикција, но професорот Мервин Рој од одделот за физика и астрономија на Универзитетот смета дека тоа може да помогне студентите да ја применат комплексната физика за правење на вакви видови на предвидувања.

„Секоја година бараме од студентите да напишат краток труд за „Journal of Physics Special Topics“. Тоа им овозмоува на студентите да ја покажат својата креативна страна и да применат дел од физиката која ја познаваат во чудни, прекрасни или секојдневни ситуации“ – вели Рој.

the-walking-dead-0-0

За да откријат како човештвото би се справило со зомби апокалипсата, студентите требало прво да ги одредадат параметрите на инфекцијата. Тие претпоставиле дека едно зомби може да најде еден човек на ден со 90-процента шанса за инфицирање со вирусот.

Тие користеле епидемиолошки модел за да следат како би се ширела болеста. Тие го поделиле целокупното население во три категории: подложно население, зомби и мртви. Моделот анализирал колку често инфицираните луѓе (зомби) би дошле во контакт со неинфицираните луѓе и колкава би била веројатноста да се пренесе болеста, со цел да се види колку луѓе би можеле да преживеат.

Резултатите не биле добри, по 100 дена би имало само 273 преостанати луѓе на планетата. Без многу начини за да го возвратат ударот, студентите предвидуваат дека за помалку од една година човечкиот род би бил збришан во целост.

Но, сепак, со текот на времето луѓето би се подобриле во убивањето на зомби и во избегнувањето да бидат инфицирани. Исто така, би започнале да имаат деца брзо, со што човековиот опстанок станува поверојатен.

Под овие услови, тимот открил дека би биле потребни околу 1.000 денови или 2,7 години за луѓето да ги убијат сите зомби, а потоа уште други 25 години за човековата популација да почне да закрепнува од нападот.

Тоа значи дека се’ уште има надеж за ликовите од „The Walking Dead“ доколку престанат да се борат меѓусебно и почнат да убиваат повеќе зомби наместо тоа.

walking-dead-season-7-group

Исто така, научниците го пресметале и најдоброто место за криење надвор, и тоа со сигурност не е трговски центар.

Па, со среќа таму, момци.

Дискусија

Коментари