Колку е земјата потопла, толку е храната понеквалитетна

Климатските промени се повеќе ги чувствуваме на нашата кожа, но научниците велат дека многу скоро ќе ги почувствуваме и во нашата исхрана.

„Промените на климата ќе доведат до промени во количината, квалитетот, но и во местата каде се призведува одредена храна“, смета др. Сем Мајерс кој се бави со научно истражувачка работа во областа на медицината на животната средина на Харвард.

„Никогаш немаше потраба толку брзо  како денес да се зголеми производството на храна за да се задоволат глобалните потреби, вели Мајерс за „Live Science“.

Тој наведува дека научниците во  почетокот мислеле дека зголеменото ниво на јаглен диоксид ќе делува како ѓубриво и ќе ги зголеми приносите на храна, меѓутоа новите истражувања покажале дека тие очекувања биле неосновани. Наспроти тоа, се докажа дека кобинацијата од зголемено ниво на јаглен диоксид, зголемената температура на воздухот и промената на количината на врнежи, може значително да ги намали приносите на пченка и пченица, особено во подрачјата каде обично се високи.

„Во областите каде ќе се зголемат температурите ќе се зголеми и бројот на штетници. Во моментов штетниците уништуваат помеѓу 25 и 40 проценти од посевите во светот. Со промена на температурата инсектите ќе се преместуваат во подрачја каде порано ги немало и ќе ги напаѓаат растенијата кои во меѓувреме не успеале да создадат природна одбрана. Промените во темературата можат да бидат збунувачки и за птиците преселници, кои исто така природно  држат под контрола одредени популации на штетници“- ги изнесува своите песимистички прогнози овој научник.

Доктор Мајерс нагласува и дека местата за одгледување на храна, исто така би можеле да претрпат сериозни промени. „Сѐ  поголемите температури на воздухот би можеле да  претставуваат отежнувачка околност за фармерите при работа на полињата, што пак ќе резултира со намалено производство на храна“, тврди тој и додава дека очекува и рибите, заради порастот на темепературите  на океаните дека ќе се поместуваат кон половите.

Меѓутоа, иако климатските промени ќе донеса  поголеми температури во регионите кои се поблиску до половите, тоа нема да биде доволно да се надокнади губитокот во поизводството н храна во тропските предели, тврди др.Мајерс, кој очекува дека голем проблем во иднина ќе претставува и губитокот на хранливите вредности на намирниците.

Во истражувањето што тој го спровел со своите колеги во 2014 година, посевите од пченица и пченка биле одгледувани во услови на зголемено ниво на јаглероден диоксид, за кое се проценува дека ќе достигне во атмосферата за 50 години и во нормални услови. Тогаш утврдиле дека посевите одгледувани при повисоко загадување имаат пониско ниво на протеини, цинк и железо.

„Тоа може само да го зголеми веќе постоечкиот проблем со недостаток на одредени нутриенти, како железо и цинк. Околу милијарда луѓе во светот веќе патат од недостаток на цинк, а во иднина, последици од недостаток на овој минерал би можеле да развијат уште 200 милиони луѓе. Слична е состојбата и со железото и протеините, заклучува др. Мајерс.

Поддржете ја нашата работа: