СПОДЕЛИ

Поголемиот дел од читателите на овие редови, се родени многу години после програмата Аполо, кој заврши во дамнешната 1972 година. Дури и да се најде некој кој се сеќава на тој период, ќе му звучи неверојатно дека тогаш НАСА испрати екипаж на мисија 384.000км далеку од Земјата, за разлика од денешните во кои идат до 400 км, колку што е оддалечена Меѓународната вселенска станица од површината на Земјата.

Од славните денови на програмата Аполо, кој започна во почетокот на 1960-та и заврши во 1972 година поминаа 44 години. Луѓето кои учествувале во него, тогаш биле млади, но денес веќе се пензионери и не напуштаат еден по еден. Затоа денес, ќе се присетиме на сите астронаути кои за прв пат оделе по другото небеско тело.

Аполо 11

Првата екипа која отиде на површината на Месечината се состои од Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс. Во извонредното напнато спуштање, летајќи буквално со последните капки на гориво, во последен момент, Амстронг морал да бара алтернативно место за слетување, бидејќи оригиналното било прекриено со камења. Потоа тој и Олдрин стапнале на месечината, додека Колинс останал да кружи во орбитата над нивните глави.

apollo_11


Аполо 12

За разлика од ризичното слетување на Аполо 11, оваа мисија имала напнато полетување. Во текот на лансирањето на ракетата Сатурн V, во неа удрило гром, поради што модулот за команди, во кој се наоѓале астронаутите останал без електрична енергија. Благодарение на квалитетната обука и луцидноста на астронаутите проблемот е решен, па Чарлс Конрад и Ален Бин, три дена потоа слетале на месечината. Во орбитата останал Ричард Гордон.

Аполо 14

После откажаната мисија Аполо 13, поради експлозија слаба со кислород, следни на Месечината биле Алан Шепард и Едгар Мичел – членови на Аполо 14, додека во командниот модул останал Стјуарт Роса. За разлика од претходните проблематични мисии, оваа била идеална, а слетувањето кое го извршил Шепард е најточно во рамките на целокупната програма.

apollo11_eva1
Аполо 15

Бидејќи претходните мисии стекнале доволно искуство во слетување на рамен терен, НАСА оваа мисија ја испратила помеѓу два Месечеви ридови. Дејвид Скот и Џејмс Ирвин први го користеле лунарниот ровер, кој видно им го олеснил движењето по Месечината. Колку нивната работа навистина била напорна покажува Ирвиновиот случај, кој неколку месеци после мисијата доживеал срцев удар. Во орбитата останал Алфред Ворден.

apollo_15_csm_nasa-1
Аполо 16

Нови проблеми за НАСА биле креирани со пристигнувањето во лунарната орбита, кога забележале неправилности во резервните системи на главниот мотор. По неколку часа анализа, спротивно од правилата на мисијата, која налагала враќање на Земјата во такви случаеви, одлучено е дека грешката не е критична, и Џон Јанг и Чарлс Дјук може да се спуштат на Месечината. Во командниот модул останал Томас Метангли.

apollo-17-launch-natgeo
Аполо 17

Оваа мисија имала нешто поинаков профил на екипажот во споредба со претходните, кои се составени исклучиво од воени пилоти. Командант бил Јуџин Цернан, а до него бил приклучен и Харисон Шмит, прв и единствен научник кој допрел на Месечината. Во орбитата ги чекал Роналд Еванс. Тие се последните луѓе кои ја напуштиле Земјината орбита и се упатиле во вселената.

Триесет и двајца астронаути полетале во вселената во текот на проектот Аполо. Од нив 24 стигнале до Месечината, а 12 (горе истакнатите) зачекориле по нејзината површина.

nasa-photo-of-apollo-15-lunar-rover
Бонус: двапати на Месечината

Од наведениот број на астрономи, ниту еден два пати не стапнал на Месечината. Освен тројца. Џејмс Ловел, во текот на мисиите Аполо 8 и Аполо 13, Џон Јанг во текот на Аполо 10 и Аполо 11, и Јуџин Цернан во Аполо 10 и командант на последното спуштање на Аполо 16.

Дискусија

Коментари