(ВИДЕО) Колку сме мали во Универзумот

Сите знаеме дека во огромното пространство на Универзумот, Земјата и сѐ на неа е исклучително мало. Но, како тоа изгледа во вистински пропорции е тешко да се замисли. Извонредната анимација на „Business Insider“ го овозможува токму тоа.

На почетокот на видеото е прикажана големината на протонот (малата субатомска честичка која се наоѓа во јадрото на атомот), па ДНК од човечкото тело, пред да го видите сето ова споредено со остатокот од светот, Сончевиот систем, нашата галаксија  Млечниот пат и на крај со видливиот Универзум.

Големината на планетите што орбитираат околку Сонцето веројатно ви е позната, но некои работи сигурно ќе ве изненадат кога ќе ги погледнете овие објекти споредени со сѐ останато. На пример, може да видите колку навистина е голем Сатурн,  колкава е оддалеченоста на Земјата од Месечината или колку нашето наизглед огромно Сонце е мало во споредба со хипергигатската ѕвезда „Canis Majoris“.

Погледнете го видеото до крај, веруваме дека ќе ви се допадне.

Поддржете ја нашата работа: